13:30 - 1 април, 2026

Поранешниот директор на Дизни: „Џони Деп може да се врати како Џек Спароу“

По успешното завршување на судскиот процес против неговата поранешна сопруга, кариерата на холивудската ѕвезда, која до неодамна се соочуваше со бојкот, сега може повторно да процвета.

Џони Деп „би можел да се врати како Џек Спароу“. По поволната пресуда во судскиот процес за клевета против неговата поранешна сопруга, Амбер Херд – според изјавите на поранешниот извршен директор на Дизни за списанието Пипл  – кариерата на Деп лесно може повторно да процвета и актерот би можел да се врати на големото платно како протагонист на познатата сага „Пиратите од Карибите“.

Поранешниот извршен директор на Дизни предвидува дека Џони Деп ќе се врати во улогата на пиратот бидејќи „има огромен апетит“ од јавноста и „премногу потенцијално богатство на благајните“. Ликот е всушност сошиен на кожата на Деп и веќе вкоренет во имиџот на Дизни, така што отсуството на актерот може многу да натежи на успехот на франшизата.

Деп, во текот на долгото судење во Вирџинија, на кое пред очите на јавноста се открија и страшни детали од приватните животи на Деп и Херд за време на бракот, зборуваше и за културата на бојкот против него: обвинувањата за насилство, кои беа клевета од неговата сопруга, резултираа со негово отстранување од големото платно, а неговиот адвокат пријавил штета од 22,5 милиони долари за неангажирањето во „Пират од Карибите 6“

По завршувањето на правната битка што траеше (само во последното од трите судења во кои беа протагонисти) шест недели, Деп изјави: „Поротата ми го врати животот“ и „најдоброто допрва доаѓа“. Очигледно, ќе биде како што рече Деп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp)

Продуцентот на „Пиратите од Карибите“ Џери Брукхајмер моментно ужива во огромниот успех, заедно со Том Круз, за филмот „Топ Ган: Маверик“. Самиот Џери неодамна изјави за Сандеј Тајм дека „развива две сценарија за Пиратите од Карбите“: едно со Маргот Роби (назначена за наследничка на Деп во главната улога) и едно без неа.“ За второто сценарио не се знае финалната опција за избор на глумец, па воопшто не се исклучува големото враќање на Деп. Продолжението на филмот ќе биде објавено не порано од 2025 година поради временските рокови за продукција.

 

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....