9.8 C
Скопје
12:37 - 1 април, 2026

Поранешниот дечко на Цеца стана татко: „Нема поголема среќа од тоа што добив син!“

Поранешната ријалити-учесничка Јована Љубисављевиќ утрово се породи и на свет донесе машко бебе.

По тој повод, за српскиот медиум „Блиц“ се огласи нејзиниот сопруг Богдан Срејовиќ, кој не сакаше да открие кое име го избрале за својот наследник.

„Слава му на Бога, сè помина во најдобар ред. Секако дека имаше радосни солзи, најсреќен сум, најважно ми е дека мајката и бебето се добро, дека сè е како што треба. Нема поголема среќа од тоа што добив син, особено затоа што наследникот е роден на овој голем празник, Крстовден“, изјави Богдан за „Блиц“.

Јована за „Блиц“ откри како ја поднела бременоста:

„Се чувствувам одлично и како што се ближеше терминот, нетрпението растеше. Јас дури и не знаев кога требаше да се појават мачнините, работев дури и во тој период. Имав бременост од соништата. Се здебелив 10 килограми, но тоа навистина не се гледа. Сè отиде каде што треба, но и да се гледаше, најважно е бебето да биде здраво“.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....