12:13 - 15 април, 2026

Пол Макартни повика на борба против расизмот: Кога „Битлси“ дознале пред кого ќе свират, одбиле да настапат

Пол Макартни откри дека „Битлси“ се залагале за еднакви права уште во 1964 година откако одбиле да настапат за расно поделена публика.

Легендарниот музичар сподели случка со своите следбеници за да ја нагласи важноста на сите што придонесуваат за движењето „Црните животи се важни“.

– Додека и понатаму ги гледаме протестите и демонстрациите низ светот, знам дека многумина од нас сакаат да знаат што ние можеме да направиме за да им помогнеме – почна Макартни.

– Никој од нас ги нема сите одговори и нема брзо решение, но потребни ни се промени. Треба да работиме заедно за да го надминеме расизмот во секоја форма – продолжи музичарот.

– Таа 1964 година требаше да настапиме во Џексонвил и дознавме дека публиката ќе биде расно поделена на концертот. Знаевме дека тоа е погрешно и одбивме да го сториме тоа – се сеќава музичарот. Макартни рече дека го одржале концертот дури откако ја соединиле публиката.

принтскрин

– Се чувствувам лут затоа што 60 години подоцна, во светот и понатаму се случуваат бесмислени убиства – рече Макартни, додавајќи дека сака правда за сите луѓе што страдале поради расизмот.

Mekartnijeva objava na društvenim mrežama - Avaz, Dnevni avaz, avaz.ba

Слични објави

Колку се безбедни спакуваните салати? Брз и „здрав“ оброк или ризик на чинија?

Т.Ц.

„Ги гледа луѓето од високо и ги дели на тоа кој е важен, а кој не“: Српската пејачка „удри“ по Лепа Брена

Еспресо

Тука нешто „смрди“: Неверојатна животна лекција од Снеже Велков

msp-admin

Стјепан Хаусер ги откажа сите концерти: „Мојата состојба бара итно внимание…“

Еспресо

(Фото) Вино за двајца, море и јагоди: Кристина Арнаудова ужива во животот

msp-admin

Дневен хороскоп за 15 април: Избегнувајте конфликти

apostolova
Се вчитува....