12.8 C
Скопје
16:10 - 26 октомври, 2026

ПОГЛЕДИ И ПРЕГРАТКИ ЗА КОИ СИТЕ ЗБОРУВААТ: Емотивна средба на Бред и Џенифер која буди шпекулации дека повторно се во љубов (ФОТО)

Поранешните сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон се фотографирани заедно за време на доделувањето на награди на американското здружение на филмски актери SAG (Screen Actors Guild) за животно достигнување, а поради нивните погледи и прегратки, повторно почнаа да се шират шпекулации дека меѓу нив и натаму постојат емоции.

Според виденото, очигледно стана дека Бред Пит и неговата поранешна сопруга уживаат во повторната средба полна со емоции зад сцената на доделувањето на награди во Лос Анџелес, а останатото беше уловено од објективите на фотоапаратите.

Фото: Профимедиа

Камерите фатиле моменти кога тие меѓусебно си честитале за освоените награди, а потоа и како Анистон од срце се смеела на неговите шеги. Бред Пит шегувајќи се на сметка на тоа што е сингл, исто како и Џенифер, рекол дека на својот Тиндер профил ќе објави слика со освоената награда.

Сепак, кога ја здогледал Џенифер во елегантен бел фустан, морал да и даде коментар.

Фото: Инстаграм

Нешто подоцна, Бред Пит и Џенифер Анистон биле снимени додека си честитале еден на друг за наградите, нежно се допирале и си се насмевнувале, а Бред во еден момент ја фатил за рака кога таа се свртела кон него, покажувајќи им на тој начин на сите дека не сака таа да си оди од него.

За потсетување, Џенифер и Бред Пит се разведени од 2005 година, по љубовната афера на актерот со Анџелина Џоли, која потоа стана негова втора сопруга.

За разлика од Анџелина, со која Бред подоцна се разведе, тој и Џенифер Анистон останаа во пријателски односи, а веќе одреден период се шпекулира дека нивната љубов повторно се разбудила.

Слични објави

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо
Се вчитува....