5.8 C
Скопје
05:35 - 1 април, 2026

Почина поранешната Мис на Америка по само 16 дена болничко лекување

Поранешната мис на САД, Леанза Корнет (49) почина на 28 октомври 2020 година, пренесуваат странските медиуми.

Леанза си ја повредила главата на 12 октомври и оттогаш се лекувала во болницата во Џексонвил, но, за жал, по само 16 дена од повредата таа починала.

„Леанза имаше весел и прекрасен дух, нејзината смеа беше заразна. Скршени сме од ненадејната загуба во нашето „Мис Америка“ семејство и изразуваме длабоко сочувство до нејзиното семејство и наблиски пријатели“, пишува во соопштението на организаторите на натпреварот за Мис на Америка.

Таа стана Мис на Флорида во 1993 година, а потоа победи на изборот за Мис на Америка. Светот ја памти по тоа што Корнет експлицитно одби да ја носи круната за време на јавното обраќање.

Од 1995 до 2013 година, Корнет беше во брак со Марк Стејнс (56), со кого имаше два сина, Каи (18) и Ејвери (16).

„Со тешко срце ја споделувам со вас веста за загубата на мојата поранешна сопруга Леанза, мајката на нашите два извонредни синови. Ние секогаш ќе се сеќаваме на прекрасните моменти што ги доживеавме за време на нејзиниот краток престој овде на земјата. Се тешам дека Каи и Ејвори засекогаш ќе го имаат најдобриот ангел чувар кој ќе ги надгледува додека се движат низ животот“, напиша нејзиниот поранешен сопруг Марк на социјалните мрежи.

Изминатите неколку години таа ја толкуваше улогата на Ариел во претставата што се одвиваше во живо во ресторанот на Дизни во Флорида.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....