0.8 C
Скопје
03:43 - 13 март, 2026

ПОЧИНА ОСНОВАЧОТ НА РОК ГРУПАТА „KING CRIMSON“: Причината за смртта на Иан Мекдоналд сè уште не е наведена!

Музичарот Иан Мекдоналд, основач на влијателната прогресивна рок група „King Crimson“ почина во својот дом во Њујорк на 75 годишна возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patryck Morais (@soundchaser_)


Според зборовите на официјалниот портпарол, „Мекдоналд мирно почина на 9ти февруари во својот дом, опкружен со своите најблиски“. Причината за смртта уште не е наведена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prog Rock Pictures (@picturesofyes)


Роберт Фрип, заедно со Мајкл и Питер Гилс го регрутираа Мекдоналд во бендот „King Crimson“ во 1968. Иако се појави само на дебитантскиот албум на бендот, In the Court of The Crimson King во 1969, беше клучен во дефинирање на подоцнежниот звук на бендот.

Мекдоналд е коавтор и копродуцент на секоја песна од дебито на бендот. На него свиреше на различни инструменти, вклучувајќи и на ударни, дувачки и на клавијатура. Го напушти бендот откако се објави албумот, заедно со тапанарот Мајкл Гилс.


Во интервју за Ultimate Classic Rock, Мекдоналд изјави:

„Некој ме праша: Изненадени сте што луѓето уште зборуваат за овој албум и по 50 години? Реков: Па, да. А од друга страна, па и не баш. Кога го направивме албумот, сакав да бидам сигурен дека може да издржи повторливо слушање и да го издржи тестот на времето. Во тој поглед не сум изненаден. Задоволен сум и почестен, неверојатно е дека поминаа 50 години“ – додава тој.

Во 1976, Мекдоналд ја основаше британско-американската група Foreigner на која свиреше гитара, саксофон, клавијатури и беше дел од хитовите како Cold As Ice, Hot Blooded и многу други.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....