13.8 C
Скопје
07:34 - 12 октомври, 2026

Почина режисерот Мика Алексиќ, обвинет за сексуално злоставување ученички

Српскиот режисер Мирослав Мика Алексиќ почина на 18 јануари во Белград, на 73-годишна возраст.

Во изминатите години против Алексиќ се водеше кривична постапка поради сомнение за сексуално злоставување на ученички во неговата школа за глума, случај што предизвика силни реакции во јавноста. Поради смртта на обвинетиот, судската постапка остана без пресуда.

Судењата во последниот период беа одложувани поради неговата сериозно нарушена здравствена состојба. Неговиот бранител претходно соопшти дека здравјето му се влошило до таа мера што не бил во состојба ниту да дава исказ, а комуникацијата со адвокатите се одвивала преку неговата сопруга. Во ноември 2025 година, судењето беше одложено на неодредено време.

Кривичната постапка беше покрената откако актерката Милена Радуловиќ јавно го пријави за сексуално злоставување, по што истото го направи и нејзината колешка Ива Илинчиќ, а подоцна се јавија и други девојки. Алексиќ беше уапсен во јануари 2021 година и околу осум месеци помина во притвор, по што му беше определен куќен притвор со електронски надзор. Во март 2022 година таа мерка беше укината и тој се бранеше од слобода.

Мирослав Мика Алексиќ е роден на 5 февруари 1952 година во Белград. Дипломирал филмска режија на Факултетот за драмски уметности и долги години работел како режисер и педагог. Беше уметнички раководител на Драмското студио на Радио-телевизија Србија и автор на бројни телевизиски, радио и филмски проекти, а важеше и за еден од највлијателните драмски педагози во Србија.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ предизвика реакции во Србија поради песна од Томпсон, дел од јавноста бара бојкот на концертите

К.С.

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо
Се вчитува....