-3.2 C
Скопје
07:38 - 25 ноември, 2024

Почина Лорета Лин: Била ќерка на рудар, се омажила на 15 години и успеала да стане кралица на кантри музиката

Лорета Лин, ќерка на рудар од Тенеси и сопруга на шверцер на алкохол, која стана една од најголемите ѕвезди на американската кантри музика и водечка феминистка во тој жанр, почина мирно во својот дом на 90-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

Лин имаше четири деца кога ја започна кариерата во раните 1960-ти, а нејзините песни беа одраз на гордоста поради нејзиното потекло од руралните делови на Кентаки. Како пејачка и текстописец, таа создаде слика на пркосна, силна жена, што беше спротивно на стереотипната слика за повеќето кантри пејачи. Таа бестрашно пишуваше за сексот и љубовта, за изневерувањето на сопрузите, разводот и контрацепцијата, а понекогаш имаше дури и проблеми со радио станиците поради „контроверзниот“ материјал во нејзините текстови.

Некои од нејзините најголеми хитови беа снимени во 1960-тите и 70-тите, вклучувајќи ги „ Coal Miner’s Daughter“, „The Pill“ (песна за слободата што ја носат апчињата за контрацепција), „Don’t Come Home a Drinkin“ (With Lovin’ on Your Mind)“, „Rated X“ и „You’re Looking at Country“. Таа беше позната по настапите во долги, широки фустани со комплицирани везови или кристали, а голем број од нив беа креирани од нејзиниот долгогодишен личен асистент и дизајнер Тим Коб.

Нејзината искреност и единственото место во кантри музиката не останаа ненаградени. Таа беше првата жена во историјата прогласена за забавувач на годината на двете најголеми доделувања на награди во светот на кантри музиката, прво од Здружението за кантри музика во 1972 година, а три години подоцна и од Академијата за кантри музика.

„Тоа беше она што сакав да го слушнам и знаев дека и другите жени сакаат да го слушнат“, изјави Лин за магазинот АП во 2016 година. „Не пишував за мажи, пишував за нас жените. А и мажите ја сакаа таа музика“.

Во 1969 година таа ја објави автобиографската песна „ Coal Miner’s Daughter“, по што освои уште поголема публика.

„Coal Miner’s Daughter“ е наслов и на нејзината книга од 1976 година, според која во 1980 година беше снимен истоимениот филм. Сиси Спејсек доби Оскар за улогата на Лорета Лин, а филмот беше номиниран во категоријата „најдобар филм“.

Прилично долго по нејзината комерцијална кулминација, Лин освои две награди Греми во 2005 година за албумот „Van Lear Rose“, кој содржи 13 песни кои самата ги напишала, вклучувајќи ја и „Portland, Oregon“. Овој албум беше плод на соработката со рокерот Џек Вајт, кој е продуцент и гитарист на албумот.

Родена како Лорета Веб, таа била второ од осум деца, и тврдела дека нејзино родно место е Бучер Холер, во близина на рударскиот град Ван Лир во планините во источен Кентаки. Меѓутоа, такво место не постоело. Подоцна таа му открила на некој новинар дека тоа име го измислила за да звучи убаво во песна, користејќи ги имињата на семејства кои живееле во нејзиниот град.

Во својата автобиографија напишала дека имала само 13 години кога се омажила за Оливер „Муни“ Лин, но АП подоцна откри владини документи кои покажуваат дека имала 15 години. Нејзиниот сопруг ја поттикнувал да пее професионално и многу помогнал за развојот на нејзината кариера, па така во 1960 година таа потпишала договор со Дека рекордс и го напишала својот прв хит сингл „I’m a Honky Tonk Girl“.

Академијата за кантри музика ја прогласи за уметник на деценијата за 1970-тите, а во 1988 година беше избрана за член на Куќата на славните на кантри музиката.

Лорета и нејзиниот сопруг беа во брак речиси 50 години, пред тој да почине во 1996 година. Имаа шест деца и 17 внуци.

Слични објави

(Фото) Чизми од 2.000 евра: Џорџина Родргиез покажа дека има пари, но дали има и стил?

Еспресо

(Фото) Вака изгледала Мелина некогаш: Таа имала 21, а Харис 51 година, без ниту една естетска корекција!

Еспресо

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо
Се вчитува....