8.8 C
Скопје
12:03 - 1 април, 2026

Почина Иван Молнар, последниот личен готвач на Јосип Броз Тито

Почина Иван Молнар, познатиот готвач и последниот личен готвач на Јосип Броз Тито, дознава порталот „Бјеловар лајв“. Имаше 72 години.

За Тито почнал да готви во своите дваесетти години и така станал најмладиот готвач кому тоа му успеало.

„Готвев за Стариот, како што го викавме, од 1973 до 1980 година, и тоа сè – од појадок до вечера. За него, за Јованка и за нивните гости, секој ден. Во кабинетот бевме Словенецот Лилијан Габриел, Марија Петровиќ и јас. Тогаш бев повеќе од двојно помлад од нив, но учев од најдобрите. Тој Словенец беше генијалец, работеше на бродот на кралицата Елизабета пред Втората светска војна. И денес сум му благодарен за сè што ме научи“, изјавил Молнар во едно од своите интервјуа.

По завршувањето на „титовата ера“, Молнар ја продолжил својата кулинарска кариера и претприемништво во Бјеловар, каде што со години водел угостителски бизнис, а подоцна се повлекол во пензија. Имаше ресторан „Стара ура“, кој бил познат по својата домашна кујна и редовно привлекувал љубители на традиционални јадења.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....