11.8 C
Скопје
14:02 - 30 март, 2026

Почина актерот Чедомир Петровиќ, син на легендата на југословeнската комедија – Чкаља

Српскиот актер, режисер и сценарист Чедомир Петровиќ почина на 76-годишна возраст, пренесуваат регионалните медиуми.

Петровиќ дипломирал глума во 1973 година на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, а играл на сцените на Народниот театар, Ателје 212 и Југословенскиот драмски театар.

На телевизија се појави во сериите „Театар во домот“, „Отпишаните“, „Топол ветер“, „Подобар живот“ и други, а играл и во филмовите „Мирисот на полски цвеќиња“, „Др“ и други. Бил режисер и сценарист на филмот „Рускиот цар“ (1993) и на серијата „Некои чудни луѓе“ (2009).

Тој е син на прочуениот комичар и актер Миодраг Петровиќ Чкаља (1924–2003), Чедомир Петровиќ беше татко на актерката Јована Петровиќ.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....