02:17 - 7 ноември, 2026

По смртта на неговиот татко ова е најголемата радост за него – Мајкл Даглас со гордост ја покажа приновата во семејството!

Декември е месец на прослави во семејството Даглас…

Не само што синот на Мајкл Даглас, Камерон Даглас слави роденден во декември, туку и неговата ќерка Луа Изи, а сега пристигна и најмладиот член на семејството, Рајдер Даглас.

Најстариот син на Мајкл го доби второто дете со партнерката Вивиен. Не е тајна дека токму Вивиен успеа да го скроти Камерон Даглас по многуте години турбулентен живот.

Фото: Профимедиа

Тој во затвор поради дрога помина осум години, а дури две ги помина во самица.

Фото: Профимедиа

За својот живот тој пишуваше во книгата под називот „Долгиот пат до домот“.

Мајкл Даглас има три деца, а поради доаѓањето на внукот Рајдер на свет тој е пресреќен, па така објави фотографија од семејството и напиша дека е „горд дедо“.

Да се потсетиме, во февруари оваа година светот го напушти таткото на Мајкл, легендарниот Кирк Даглас.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....