31.3 C
Скопје
09:37 - 12 август, 2026

По скандалот во луксузниот бутик: Мелина Џиновиќ си го уништила угледот во елитните кругови на Монте Карло?

Мелина, поранешната сопруга на Харис Џиновиќ, повторно е во фокусот на јавноста по серија непријатни ситуации кои, според пишувањата на медиумите, сериозно ѝ го нарушиле угледот во елитните кругови на Монте Карло.

По наводниот скандал во луксузниот бутик на „Ермес“, каде што наводно влегла во вербален конфликт со вработените затоа што не ѝ било дозволено да купи посакувана „биркин“ чанта поради строги квоти, Мелина станала главна тема на трач-приказни меѓу богатите дами на Азурниот Брег.

Според извори блиски до неа, токму поради тоа таа одлучила привремено да се исели од луксузниот стан во центарот на Монте Карло, кој го добила како подарок од својот свршеник, и да се пресели во хотел во соседното место Кап д’Ај. Станува збор за престижна локација веднаш до Монте Карло, позната по ексклузивни плажи, раскошни вили и приватност.

– Скандалот во бутикот многу тешко го поднела. Со денови била тема на озборувања, а дел од пријателките почнале и да ја избегнуваат. Тоа силно ја погодило, бидејќи долго време се трудела да стане дел од тоа високо друштво. Под притисок и разочарана, решила да се повлече и да ја смени адресата додека не се смират страстите – вели извор близок до Мелина.

Како да не е доволно тоа, во последните денови таа наводно имала и проблеми со својот луксузен автомобил. По дефект и поправка, при подигањето на возилото, се соочила со непријатна ситуација бидејќи, според истиот извор, немала доволно средства на картичката за да ја плати услугата, па морала итно да го повика свршеникот да ја регулира сметката.

Инаку, иако по неколку дена од скандалот сепак успеала да ја добие посакуваната чанта, благодарение на влијанието и контактите на својот партнер, ситуацијата не поминала без дополнителна тензија. Наводно, таа продолжила да коментира за некоректниот однос на вработените, што му создало непријатност на свршеникот, кој се обидел да ја смири и да спречи нова сцена.

Слични објави

Безвременската „Јовано, Јованке“ и Петре Прличко во „Солунските атентатори“ – сцена што не се заборава

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 12 август: Завршете ги започнатите проекти, вашиот труд ќе биде забележан

apostolova

(Фото) Живкица со авантуристичка приказна за најстариот син, Даријан

Еспресо

Нов пресврт во случајот со Ава Карабатиќ: Откако го обвини свршеникот за насилство, потоа биле видени заедно

Еспресо

(Фото) Николија откри дека се повредила – српската пејачка ги загрижи сите со својата објава

Еспресо

„Докторот ми рече дека вакво срце нема видено“: Јована Јеремиќ се расплака по прегледот кај кардиолог

E.A.
Се вчитува....