11:54 - 9 ноември, 2026

По пауза од цели 25 години, Драгана Мирковиќ со спектакуларен настап во Македонија!

Српската пејачка Драгана Мирковиќ, која е миленичка на публиката од Вардар до Триглав, ќе одржи спектакуларен настап во Македонија – по цели 25 години. Настапот е закажан на 11 јули во омилениот кабаре-клуб на битолчани, „Голд Фелиција“.

Факт е дека Мирковиќ има многубројна публика во Македонија, па токму овој настап е од исклучително значење за неа.

Од нејзиниот тим велат дека постојано добиваат понуди за настапи во нашата земја изминативе години, но баш сега се поклопиле сите коцки за тој и да се реализира. Тимот и Драгана за овој настап посебно се подготвуваат, особено што таа ќе настапи по пауза од цели 25 години.

„Знаеме дека имам многу понуди за Македонија, но и без разлика на пребукираниот календар ние ќе одговориме на повиците. Засега нека остане тајна што подготвуваме за Македонија. За почеток е Битола, но ви ветуваме дека ќе се гледаме многу често“, велат од нејзиниот тим.

Задоволството дека повторно ќе настапи пред македонската публика не го криеше ниту Драгана.

„Оваа година е еден мој голем јубилеј, 40 години во музиката, па јас не би била среќна ако не запеам пред македонската публика. Знам дека должам на многубројната публика во вашата преубава земја, земја која многу ја сакам и ме врзуваат најубавите спомени од моите концерти во деведесетите“, изјави Мирковиќ.

Слични објави

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova
Се вчитува....