10.8 C
Скопје
17:51 - 30 март, 2026

По 40 години: Дали се распаѓа пријателството на Гоца Божиновска и Злата Петровиќ?

По повеќе од четири децении дружење, пејачките Гоца Божиновска и Злата Петровиќ се чини дека се малку оддалечиле една од друга.

Злата изминативе месеци поминуваше низ вистинска голгота поради учеството на нејзиниот син Јован Пејиќ – Пеја во осмата сезона на реалното шоу „Елита“. Најмногу проблеми ѝ задаваше неговата љубовна врска со Ена Чолиќ, која во повеќе наврати ја навредуваше потенцијалната свекрва.

Во исто време, нејзината блиска пријателка и колешка Гоца Божиновска беше во Чикаго, каде што помина три месеци кај ќерката Зорана Шијан, која во мај годинава се породи. Гоца ги оставила сите обврски во Србија за да ѝ помогне на ќерката, па не ги следела случувањата во „Елита“ и тоа што се случувало со Злата.

„Злата последен пат ја видов на свадбата на Мирко, некое време не се имаме видено. Неговиот син Пеја е пресладок, убав, млад и згоден. Јас навивав за Ена, јас го сакам тој тип жени – борбена, што на ум, тоа на друм, но таа ја навредуваше Злата. Добро, ние жени знаеме во афект да кажеме многу работи. Мислам дека Злата ѝ прости, – откри Божиновска во подкастот „Причаоница“.

Пејачката Јелена Вучковиќ додаде дека не знае дали Ена и Пеја сè уште се заедно, бидејќи Гоца штотуку се вратила од Америка и не била во тек со сите случувања.

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....