04:01 - 7 април, 2026

По 20 години откриено со што се занимава Лидија Оцокољиќ: Цеца ја вработила својата сестра токму на ова место

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ живееше со својата сестра Лидија Оцокољиќ и со нејзиното семејство 20 години, а за преселбата на Лидија од нејзината куќа на Дедиње, двете сестри зборуваа минатата година.

Јавноста е запознаена само со дел од нејзиниот приватен живот, меѓутоа, никој не знае со што таа всушност, се занимава, а таа тајна беше откриена по две децении.

Цеца неодамна објави документ на својот инстаграм-профил како доказ за откажувањето на нејзиниот концерт, кој требаше да се одржи годинава на Ушќе. Несвесно, тогаш открила и многу интересен факт.

Имено, нејзината сестра има многу висока позиција во семејната компанија „Цеца мјузик“.

Лидија е извршна директорка на оваа компанија и се занимава со сите важни активности поврзани со споменатата музичка продукција, која од година в година доживува огромен успех. Таа не се експонира во јавноста, но е заслужна за секој успех на Цеца и е нејзина десна рака, поради што многумина велат дека таа е жената од сенка без која Цеца не би била Цеца.

Цеца често нагласува дека поддршката на нејзината сестра ѝ е најважна.

– Мојата сестра, освен што е мој ангел чувар, е и мој соборец во сè. Таа ми е апсолутна поддршка. Тоа е веќе општо познато. Таа е некој кој навистина се грижи за мене и отсекогаш била тука за мене, од мојот приватен до мојот професионален живот. Единствено во јавност никогаш не сакала да се експонира. Дури и кога бевме деца, таа не беше заинтересирана за јавниот живот, за разлика од мене. Го сакав ова што го работам денес и уживам во тоа – рекла Цеца.

Иако исто така има талент за музика, Лидија никогаш не била заинтересирана за пеење.

– Никогаш не сакав да се експонирам, бидејќи тоа не е дел од мојот живот. Јас не сум јавна личност, немаше потреба од тоа. Мојата поддршка за моето семејство се подразбира. Знае дека во деловниот дел има тешки моменти, но има и прекрасни. Се снаоѓаме сите овие години – рекла Оцокољиќ.

– Среќна сум што имам толку големо семејство, бидејќи тоа е благослов од Бог. Луѓето кои имаат големи семејства ќе ме разберат за што зборувам. Ги имаме сите возрасти. Само знам дека јас и мојата сестра никогаш нема да остариме, бидејќи секогаш сме во тинејџерски години – се надоврзала Ражнатовиќ со насмевка.

 

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....