6.6 C
Скопје
03:47 - 1 април, 2026

Пепелта од легендарниот Шон Конери ќе се врати во неговата родна земја – Шкотска!

Легендарниот актер Шон Конери (Sean Connery), првиот Џејмс Бонд (James Bond), почина на 31 октомври во 90-та година од животот во семејната куќа на Бахамите. Неговата вдовица Мишелин (Micheline Roquebrune) (91) изјави дека неговата пепел ќе се растури во неговата родна земја Шкотска.

– Ќе го вратиме Шон во Шкотска (Scotland) – тоа беше неговата последна желба. Тој сакаше неговата пепел да се растури на Бахамите (The Bahamas) и во неговата родна земја – изјави Мишелин за „Scottish Mail on Sunday”.

Сопругата на починатиот Бонд изјави дека неговата последна желба ќе ја спроведе во дело кога тоа ќе и биде овозможено, бидејќи во моментов тоа е невозможно поради пандемијата на коронавирусот.

– Кога ќе биде можно и безбедно да патуваме повторно, тогаш намерата на семејството е да се врати со него во Шкотска – рече Мишелин, која беше во брак со Шон 45 години.

Фото: Инстаграм

– Ние би сакале да организираме комеморација за него во Шкотска – тоа е нашата надеж. Но, не можеме да кажеме кога точно тоа ќе се случи тоа – изјави таа.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....