3.8 C
Скопје
22:40 - 20 декември, 2024

Патот до престолот на Ријана: Од улична продавачка до најбогата пејачка

EPA

Вистинското име ѝ е Робин Ријана Фенти (32), родена на 20.02.1988, а денес е една од најпознатите и највлијателните жени во музичкиот свет. Но, патот до успехот не бил воопшто лесен.
Родена е на Барбадос во нефункционално семејство. Татко ѝ со години се борел со зависности. Честопати физички го малтретирал целото семејство. Кога наполнила 14 години, мајка ѝ го напуштила татко ѝ, па Ријана морала да се занимава со секакви работи за да го прехрани семејството.

Фото: Инстаграм

– Мојот татко припаѓа на генерацијата на 60-тите, време кога дрогата и алкохолот се земале секојдневно. Изгуби контрола над дрогирањето. Многу му се лутев. Ниедно дете не би требало да помине низ тоа што поминав јас – изјави Ријана пред десетина години.

Ријана и нејзиниот татко никогаш не биле во добри односи, кои уште повеќе се влошиле кога нејзиниот татко Роналд, за медиумите прозборел за еден инцидент. Пејачката во февруари 2009 година била претепана од тогашното момче Крис Браун. Истата година татко ѝ го демолирал автобусот со кој пејачката била на турнеја.

Ријана повторно сè му простила, па дури го опсипала со најскапи подароци. Поранешниот зависник изјавил дека односите со Ријана никогаш нема да му се подобрат, но сепак му е мило што сепак се во пријателски односи.

После разводот на нејзините родители, ситуацијата во семејната куќа станала помирна. Но затоа пак училиштето било немилосрдно. Врсниците секојдневно ѝ префрлувале дека е сиромашна.
На 15 години нејзин другар ја наговорил да се пријави на училишниот избор за Мис. Да чекори како вистинска манекенка не научила во некоја модна агенција, туку вежбајќи секојдневно со книга на главата. Нејзиниот прв настап на кој ги покажала и своите вокални способности бил пред цело училиште кога ја испеала песната „Hero“, која е во оригинална верзија на Мараја Кери. И трудот се исплатил. Ријана победила и тогаш сфатила дека сака да се занимава со пеење.

Поради одењето на свирки со тогашниот бенд, Ријана не завршила средно училиште, а за да заработи повеќе пари, продавала облека на улица.

Но, среќата наскоро ѝ се насмевнала. Нејзиниот талент го препознал и американскиот музички продуцент, Еван Роџерс, со кого ја снимила демо-верзијата на песната „Pon de Replay“. Снимката дошла и до светски познатиот Џеј Зи, а пејачката подоцна потпишала договор со неговата дискографска куќа.

https://www.instagram.com/p/B7lqD4_nuqT/

Работите набрзо почнале да се менуваат. Ријана го издаде албумот „Music of the Sun“, кој се најде на врвот од топ-листата на Билборд 200, на која се најпродаваните музички албуми.
Во 2009 година излезе нејзиниот четврти албум „Rated R“, на кој се наоѓаат некои од нејзините најголеми хитови како што се „Russian roulette“, „Hard“, „Rude boy“… Следната година го сними дуетот со Еминем „Love the way you lie“.

Со повеќе од 200 милиони продадени албуми ширум светот, Ријана во краток рок се вброи меѓу најбогатите музичари на сите времиња.

Ниту нејзиниот љубовен живот не помина без драми. Од 2009 до 2016 година беше во турбулентна врска со музичарот Дрејк , а пред него со Крис Браун.

Врската со Крис Браун повеќе изгледала како хорор приказна, а не љубовна. Сè почнало во 2008 година, кога пејачката се вљубила во музичарот на прв поглед. Ријана и Браун во февруари следната година се скарале и тој физички ја нападнал.

Поради нападот против Крис била покрената тужба, а низ светот кружеа фотографии од нејзиното лице со модринки. Пејачот доби забрана да ѝ се приближува и пет години условна казна.

Пред неколку години Ријана ја создаде марката за долна облека „Savage X Fenty“, со големина за секоја жена и со тоа го покори пазарот кој дотогаш главно беше наменет само за послаби жени.

Инаку пејачката е голема застапничка за инклузивност и промоција на различни типови убавина. Со својот пример им покажува на жените дека можат добро да се чувствуваат без оглед на тоа колку тежат.

Нејзината линија на долна облека во првата година заработила неверојатни 72 милиони долари, а цените на производите се достапни дури и за просечниот џеб.

https://www.instagram.com/p/B4SdFgqn0ZF/

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....