18:37 - 7 ноември, 2026

Откриена најголемата тајна на Емина Јаховиќ: Еве со што се занимавала и заработувала веднаш по средното училиште

Пејачката Емина Јаховиќ уште како многу млада почнала сама да заработува. Пред да зачекори во музиката и да стане позната на сцената, таа не се занимавала само со манекенство, како што многумина мислат. Всушност, првата нејзина јавна работа била – водење временска прогноза.

Со само 18 години, за време на средношколските денови, Емина работела на телевизијата во Нови Пазар и така го заработувала својот џепарлак.

– Сите се сеќаваме на слаткото девојче кое веднаш ни ги освои срцата. Емина беше нашето милениче, донесе младешка енергија и ентузијазам на телевизијата. Уживaше кога ќе застане пред камера, се радуваше на јавниот настап и уште тогаш знаеше дека еден ден ќе стане позната – открива извор од РТВ Нови Пазар, кој добро ги памети нејзините почетоци.

Иако во еден момент реши да остане пред камерите, микрофонот ја однесе во музички води. Веќе со првиот албум постигна успех и дефинитивно се збогува со водителството – професија за која речиси никогаш не зборуваше јавно.

На нашето прашање, Емина беше искрено изненадена што дознавме за нејзините први професионални чекори.

– Со радост се сеќавам на тинејџерските денови. Уживaв во периодот што го поминав работејќи на телевизија и радио. Тогаш првпат ја покажав својата креативна слобода, која подоцна ме одведе кон музиката и јавниот живот – ни изјави Емина Јаховиќ.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....