-0.2 C
Скопје
18:20 - 22 декември, 2024

ОРГИИ, СКАНДАЛИ И ИНТРИГИ: Сведоштва за животот во дворот на НАЈБОГАТИОТ султан на светот

Султанот на Брунеј, 72-годишниот Хасанал Болкија, важи за остар и груб владетел, кој не ги почитува законите што самиот ги носи за народот.

Во 2013 тој ги засилил казните кои вклучуваат каменување, сечење делови од тело и камшикување за дела како што се неверство, вонбрачна бременост, хомосексуалност…

На власт е од 1967, а во 1984 добил независност од британската власт. Оттогаш го покажува своето вистинско лице.

Во Брунеј живеат 400.000 жители, земјата е богата со нафта и гас, но обичните жители живеат доста сиромашно. За разлика од нив, нивниот владетел има палата со над 1.700 соби, над 250 бањи, климатизирани штали за коњи и има колекција од околу 7.000 автомобили. За својот 50-ти роденден тој го поканил Мајкл Џексон и за трите настапи му исплатил 17 милиони долари.

Од друга страна, за христијанското население од Брунеј важат забрани за славење Божик надвор од домот.

Во меѓувреме, тој има три сопруги, со нив има вкупно 12 деца, а раскошниот живот им го пренел и на своите деца. Кралската свадба на неговиот трет син траело цела недела, а младенците биле украсени со скапоцености и злато.

Поранешната мис Калифорнија, Шенон Маркетиќ, открила дека била сексуална робинка во брунејскиот двор и 32 денови била затворена во палатата, иако првично дошла како маркетинг-промотерка. Сакала да тужи, но семејството на султанот било заштитено со дипломатски имунитет. Шенон сведочи дека заедно со неа имало барем уште 100 убавици од светот кои биле робинки.

Истото го изјавила и плејбој-зајачицата Ребека Ферати, која имала слично искуство како Шенон додека престојувала во султанскиот двор.

Султанот Хасан веќе е во поодминати години и според здравствената состојба, нема уште долго да живее. Тронот ќе го наследи некој од неговите синови, а поради веќе стекнатите екстравагантни навики, веројатно и следниот султан ќе продолжи со ваквиот начин на живот.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....