14:58 - 19 февруари, 2026

„ОПЕРАЦИЈАТА ДОБРО ПОМИНА“: Принц Алберт ги демантира гласините за криза во бракот

Принцезата Шарлен од Монако, „заглавена“ во Јужна Африка шест месеци од сериозната респираторна инфекција, во петокот беше повторно оперирана. Нејзиниот сопруг, принцот Алберт, се погрижи да извести за нејзината здравствена состојба.

Со изјава (во која тој исто така очигледно сака да ги отфрли неодамнешните гласини за брачна криза) ѝ соопшти на јавноста:

„Операцијата помина добро, принцезата сега се одмара, мислиме на неа“.

Принцот објави и дека наскоро ќе има семејна средба – тој ќе лета за Јужна Африка со децата, седумгодишните близнаци, за да биде близу до Шарлен за време на нејзиното заздравување.

Шарлен отиде во родната Јужна Африка во март за да промовира проект против ловокрадците на носорози. Но, таму ја погоди сериозна инфекција на респираторниот тракт – технички „инфективна компликација“ по операцијата „подигнување на синусите“ за вметнување на забен имплант. Инфекцијата бараше повеќе од една операција, а последната операција се изведе минатиот петок. Поранешната шампионка во пливање е тринаесет илјади километри далеку од Монако, и тука остана и на 2 јули, денот на десетгодишнината на бракот со Алберт.

Принцезата преку медиумите два-три пати нагласи дека состојбата ѝ е тешка, но дека ѝ е подеднакво тешко што е далеку од семејството. Но и покрај зборовите на Шарлин, многумина веруваат дека таквото продолжено опоравување е прецизен избор на принцезата, која веќе не е толерантна кон кралските обврски и дека бракот е во голема криза.

Германскиот неделник Бунте, на пример, напиша дека Шарлин е на пат да се разведе. Некои од медиумите отидоа до таму што објавија дека таа бара куќа во Јоханесбург и дека е подготвена да отвори компанија со помош на нејзиниот пријател, милионерот Колин Гласер.

Дури и кралскиот експерт Стефан Берн, за Пари Мач, во написот со наслов „Болест или доброволно бегство?“, тврди дека ова е намерно оддалечување, бидејќи Шарлин во малото кнежество „веднаш се почуствувала неразбрана, па затоа долго била затворена во себе“.

Најновата изјава на принцот Алберт за претстојното обединување на семејството во Јужна Африка е обид да се демантираат озборувањата.

 

Слични објави

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо
Се вчитува....