13:21 - 9 април, 2026

Официјално е потврдено: Дара Бубамара влегува во жирито на „Ѕвездите на Гранд“

Фолк-пејачката Дара Бубамара е новиот член на жирито во најгледаното регионално музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Веста која првично ја објави српскиот медиум „Курир“ сега доби и официјална потврда од продукцијата.

– Со големо задоволство и возбуда објавуваме дека на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ му се приклучува Дара Бубамара. Во текот на својата богата кариера, Дара изгради статус на фолк-икона, пејачка со автентичен стил, безвременски хитови и со непогрешливо сценско присуство. Нејзиното музичко знаење, долгогодишно искуство и природна комуникација со публиката ја прават извонредно засилување на нашиот тим. Убедени сме дека нејзината енергија, харизма и директност ќе внесат свежина и дополнителна динамика во шоуто – се вели во соопштението на „Гранд“.

Промената доаѓа откако пејачката Марија Шерифовиќ, по финалето на последната сезона, објави дека го напушта жирито. Како нејзина наследничка, медиумите ја посочуваа токму Дара, а сега тоа е официјализирано.

Името на Драган Којиќ Кеба, исто така, се споменува како можен нов член. Тој во неколку наврати претходно ги заменуваше членовите на жирито кои биле отсутни, а публиката позитивно реагираше на неговите настапи во таа улога. Според пишувањата на српските медиуми, меѓу Кеба и продукцијата постои усмен договор, но сè уште не е дадена официјална потврда за неговото ангажирање.

Слични објави

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

(Фото) Во гламур и бела естетика: Аделина Тахири го одбележа 35. роденден со невообичаена роденденска „торта“

Еспресо

Неверојатно – вака изгледа Анастасија Ражнатовиќ без шминка 

E.A.

Анѓелка Прпиќ со сопругот Марко уживаат за сите пари – „Убави гулапчиња“

E.A.

Одев во полско веце и се капев надвор: Александар Динев искрено за сиромашното детство

Еспресо

Сања за болниот период – „Лекарите ми рекоа дека мајка ми се разболела пред татко ми…“

E.A.
Се вчитува....