14:59 - 1 април, 2026

„Одамна не сум била толку болна“: Александра Пријовиќ со здравствен проблем пред концертот во Риека

Младата ѕвезда Александра Пријовиќ синоќа го одржа својот втор концерт во хрватскиот град Риека и за време на истиот се обрати пред публиката за непријатната ситуација што ѝ се случила.

За малку ќе морала да го откаже, бидејќи претходната вечер го загубила гласот, но сепак реши да се појави и да ја испочитува својата публика.

„Ќе кажам нешто што можеби не треба, но утрово кога се разбудив немав глас, не се сеќавам кога последен пат сум била олку болна. Но, верувајте ми, вечерва се чувствувам поздраво од било кога. Сакам да уживате, бидејќи јас навистина уживам со вас“, рекла пејачката и добила овации, пренесе „Ало“.

Да потсетиме, Александра Пријовиќ ја продолжи својата успешна турнеја, а сега е на хрватското приморје, каде што одржува концерти во Риека.

Бидејќи на оваа турнеја заработи милиони, барем според многу пресметки, Прија не жали кога е во прашање нејзиниот тим.

Имено, таа изнајмила квалитетно сместување за своето семејство во еден од најлуксузните хотели. И за семејството и за тимот што ја придружува на концертите, кој брои повеќе од 60 членови.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....