9.8 C
Скопје
11:26 - 18 ноември, 2024

Никола Роквиќ во кавга со Жељко Самарџиќ: „Бедно, како не ви е срам?“

Пејачот Никола Роквиќ пред 27 дена пеш тргна од Белград до манастирот Свети Нектариј Егински во Грција, патување долго преку 1.000 километри, со цел да собере пари за децата кои се болни од рак, поточно за Детската онкологија. Неговиот колега Жељко Самарџиќ е познат како некој кој нема конфликти на сцената, но токму со Никола имаше проблем.

Во финалето на една сезона на натпреварот „Ѕвезде Гранда“ пред неколку години на учесниците поени им доделија бројни пејачи кои не се дел од постојаното жири, а меѓу нив беа Жељко Самарџиќ и Никола Роквиќ. Помеѓу овие двајца музичари дојде до конфликт околу начинот на кој ги поделија поените, потсетуваат српските медиуми.

Никола Роквиќ ѝ додели максимални 12 поени на Џејла Рамовиќ, која победи, а по финалето јавно ги прозва колегите кои ѝ дадоа мал број поени на натпреварувачката Милица Чикариќ, која важеше за главна конкурентка на Џејла.

„Вчера учествував во гласањето за новата сезона на „Ѕвезде Гранда“. Кога требаше да дадам 12 поени, размислував меѓу Милица Чикариќ и Џејла Рамовиќ… Мала предност ѝ дадов на Џејла… Девојката заслужено победи , фантастична вокалистка, има секакви предиспозиции за да биде ѕвезда! Сенка на се фрлија некои колеги… Ако мериш со ист аршин и ѝ дадеш 12 поени на Џејла, на Милица не можеш да ѝ дадеш 0 или 1 поен! Како бе не ви е срам?? Бедно…На сите натпреварувачи им посакувам многу среќа и успех и немојте да бидете како некои поединци“, напиша тогаш Никола Роквиќ на својот инстаграм-профил.

„Драг Никола, откако се пронајдов во твојот текст… Морам да одговорам. Воопшто не се срамам. Гласав по мој вкус. И единствена штета е што многумина мораа да поминат без ниту еден поен,  бидејќи никој таму не заслужува нула, токму затоа што се одлични пејачи, но Џејла е посебна, како што може да се види од гласовите на публиката, кои на крајот и ја доведоа до победа. Жирито воопшто не беше ни потребно. Но како и да е, грдо е да не се почитува некој само затоа што има свое мислење“, беше одговорот на Самарџиќ. .

„Не сакам да коментирам за туѓите вкусови… Не знам зошто се почувствувавте повикан… Зборувам за видлива поделба и намерно влијание врз бодувањето на двата фаворити… Се согласувам дека жирито не беше ни потребно, народот сам го избра победникот“, напиша потоа Никола Роквиќ.

(Фото) „Мојата единствена девојка!“: Тони Бијелиќ во доцните часови објави фотографија и покажа детаљ од приватниот живот

Слични објави

(Фото) Новиот пејач на „Рибља чорба“ со емотивен настап ја воодушеви белградската публиката!

Еспресо

(Видео) Хаос на концертот на Брена во Тузла: Маж од публиката се качи на бината и падна на колена, обезбедувањето веднаш реагираше

Еспресо

(Фото+видео) Данката Викторија прогласена за најубава жена на светот на Мис Универзум 2024!

Еспресо

Хороскоп за 18 ноември: Раковите ќе живеат од љубов, Лавовите ќе бидат пофалени на работа

Еспресо

(Видео) Сека Алексиќ гола во када прекриена со пена: Дали сум нормална?!

Еспресо

Шокантна одлука на поранешната членка на „Харикејн“: „Се повлекувам од естрадата за да не се оболам психички“

Еспресо
Се вчитува....