9.8 C
Скопје
10:22 - 7 март, 2026

Нетфликс отпушта 300 вработени среде тешка година: Стриминг сервисот губи претплатници за прв пат по повеќе од една деценија

unsplash

Нетфликс во април објави дека изгубил претплатници за прв пат по повеќе од една деценија. Тоа испрати шокантни бранови низ Вол Стрит, што ги наведе инвеститорите да избришат милијарди долари од пазарната капа на Нетфликс. Акциите на компанијата паднаа за околу 70 отсто оваа година, по што стриминг платформата е приморана да остави без работа 300 работници среде тешка година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oyeyipo Daniel (@artz_ov_dante)

„Додека продолжуваме значително да инвестираме во бизнисот, ги направивме овие прилагодувања така што нашите трошоци растат во согласност со нашиот побавен раст на приходите. Ние сме многу благодарни за се што направија за Нетфликс и работиме напорно за да ги поддржиме низ оваа тешка транзиција“ – изјави портпаролот на компанијата за Си-Ен-Ен.

Отпуштањата влијаат на околу 3 отсто од работната сила на Нетфликс, која вклучува 11.000 вработени со полно работно време. Отпуштањата најмногу се случуваат во САД.

Како што пишува Си-Ен-Ен, минатиот месец Нетфликс отпушти 150 работници, посочувајќи дека главна причина за отпуштањата е забавувањето на растот на приходите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria Silvestri ☨ (@supahsilver)


Портпаролот на компанијата Netflix (NFLX) посочува оти се смислуваат начини како да ја свртат негативната плима и да ја вратат на вистинскиот пат платформата, која има 221,6 милиони претплатници.

Идеите вклучуваат воведување на ново ниво на реклами со пониска цена и ограничување на споделувањето лозинки меѓу претплатниците.

Слични објави

Дара Бубамара му купила на синот стан од 500.000 евра, еве во кој европски град се наоѓа луксузниот имот

Еспресо

Снежана Савиќ, мајка со големо срце: „Бев фатална само за себе“

Еспресо

„Девојката со крилата“ објави дека го изгубила бебето: „Никому не би му посакала да го изоди истиот пат“

E.A.

„Се сакаме, ми готви секој ден“: Тигар првпат јавно проговори за врската со Јована Јеремиќ

apostolova

Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

Еспресо

„Почнаа контракции поради стресот, имаме финансиски проблем“: Српски пејач со бремената сопруга сè уште се заглавени на Тајланд поради конфликтот на Блискиот исток

Еспресо
Се вчитува....