5.8 C
Скопје
00:33 - 1 април, 2026

Ненадејно почина светски познатиот модел Стела Тенант

Светски познатиот модел Стела Тенант вчера ненадејно почина на 50-годишна возраст, објави денес нејзиното семејство, пренесува „Guardian“.

Во соопштението за јавноста, семејството на Стела наведе:

„Со неизмерна тага објавуваме дека Стела ненадејно почина на 22 декември, во 50-та година од животот. Стела беше прекрасна личност и голема инспирација за сите нас и многу ќе ни недостасува“, се вели во соопштението.

Семејството замоли јавноста да ја почитува приватноста, а деталите од погребот дополнително ќе бидат објавени.

Стела беше познат британски модел, внука на Ендру Кевендиш, војводата од Девоншир.

Студирала вајарство на „Winchester School of Art”, а ги красеше насловните страни на многубројни светски познати магазини повеќе пати, меѓу кои и насловната на „Вог“, неколкупати стоеше на чело на модните ревии на познатите модни брендови, а соработуваше и со модниот дизајнер Карл Лагерфилд.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....