9.8 C
Скопје
08:27 - 29 март, 2025

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Биковите да бидат трпеливи, Стрелците да внимаваат на грешки

Прочитајте што ве чека во следните седум денови, според хороскопскиот знак.

ОВЕН

Имате идеална шанса да покажете значаен напредок на работа. Не се колебајте, бидејќи и онака веќе доволно пропуштивте. Саканата личност има неразумни очекувања од вас. Не носете избрзани одлуки под притисок. Внимавајте на коските и зглобовите.

БИК

Работата не оди онака како што сте ја замислиле, но мора да признаете дека и актуелната ситуација не е лоша. Не се обидувајте по секоја цена да ги спроведете своите замисли на дело. Личното незадоволство може да ви предизвика и проблеми во односите со саканата личност. Бидете трпеливи.

БЛИЗНАЦИ

Се преиспитувате дали некаде сте погрешиле во работата. Потпрете се на своите таленти и почитувајте ги авторитетите. Со доволно трпение можете да ги решите и емотивните проблеми кои постојат кај вас извесно време. Најважно е да бидете искрени и јасни, за да спречите потешкотии во комуникацијата со партнерот.

РАК

Вашиот труд сигурно ќе биде награден, но веќе одамна губите интерес и трпение кога се во прашање професионалните планови. На емотивно поле, вие сте преполни со чувства кои немате каде да ги канализирате, бидејќи веќе направивте неколку последователни грешки во чекори со личноста за која сте заинтересирани. Чувајте се од алергии.

ЛАВ

Онаму каде интересот и финансиите се во прв план, нема место за емоции. Најдете задоволство во својата работа, за да одолеете на нагонот да дадете отказ. На љубовно поле ве мачат нечии лаги и премолчувања, а тоа прави да се чувствувате непријатно. Но, добра вест е што ова е кратка и брзо минлива криза. Чувајте го респираторниот систем.

ДЕВИЦА

Непромислено ги комплицирате сите односи, вклучително и оние со колегите од работа. Запрете, пред да доживеете психолошки пад. Саканата личност постојано ја бара вашата поддршка, а конечно треба и да ѝ го посветите потребното внимание пред да дојде до конфликт.

ВАГА

Еден настан на работа ќе ве научи да ја контролирате својата нетрпеливост. Верувате во своите интелектуални способности, но треба да ги контролитате нереалните очекувања. Можни се ситни компликации во односите со саканата личност, кои ако не ги запрете навреме, може да доведат до сериозен меѓусебен конфликт.

СКОРПИЈА

Пречувствителни сте, земате сè при срце, но на сметка на тоа вашата финансиска ситуација е постабилна од кога и да било. Бидете умерени. Опкружени сте со ведри и расположени луѓе, а тоа компензира за емотивната стагнација. Забавувајте се повеќе, но внимавајте и на зглобовите.

СТРЕЛЕЦ

Очекувате одредени промени во кои вие ќе ја имате главната улога. Но, трпението овој период не е ваша доблест, па можни се тензии и лошо расположение. Фантазирате со саканата личност да заминете некаде, но бидете сигурни дека и таа го сака истото. Контролирајте го редовно крвниот притисок.

ЈАРЕЦ

Склони сте кон непромислени потези. Застанете зад своите постапки, преземете одговорност и решете ги проблемите. На партнерот му треба вашата поддршка и толеранција, но вие сте премногу дефокусирани за да можете целосно да го обезбедите тоа. Време е за нова стратегија за емотивните односи.

ВОДОЛИЈА

Многу нешта кои ве мачеа ги доведувате до разрешница. Потребно е да размислувате со ладна глава и добро да се организирате. Во љубовта, чувствувате потреба да се повлечете од драматичните односи, но добро би било тоа да биде соопштено и на другата страна. Чувајте се од повреди.

РИБИ

Точно знаете каде води вашиот професионален развој и свесни сте за сите свои квалитети. Полни сте со енергија, волја и трпеливост. Од друга страна, на емотивно поле сте нестабилни, а коментарите на саканата личност не помагаат во подобрување на ситуацијата. Можна несоница.

Слични објави

Хороскоп за 29 март: Лавовите ќе имаат проблем со пари, Девиците ќе потонат во монотонија со партнерот

Еспресо

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Еспресо

(Фото) Војаж раскина со девојката и објави шокантна фотографија: Раперот конечно се изјасни за згодната бринета!

Еспресо

(Фото) По 18 години се вратија во „Гранд“, само Милан Станковиќ не дојде: Вака ќе му оддадат почит на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

„Ми го земаат телефонот кога пијам“: Наташа Беквалац откри каква е кога ќе претера со алкохолот

Еспресо

(Фото) „Сега да ми се тргнете од патот“: Марија Шерифовиќ ги спакува куферите, отиде на одмор

apostolova
Се вчитува....