8.8 C
Скопје
08:21 - 26 април, 2024

Не работат ништо, а парите им пристигнуваат на сметка – Како се финансира британското кралско семејство?

Темелите на богатството на кралицата Елизабета датираат уште од 12-от век, а на тоа можеме да ги додадеме и акциите и културното наследство. Дел од кралското семејство приходи има според историскиот статус, а некои ги исплатува самата кралица.


Дури 320 граѓани на Велика Британија се побогати од кралицата Елизабета. Британското кралско семејство има повеќе извори на приходи, а кралицата е „тешка“ 360 милиони фунти. Таа и нејзиниот најстар син, принцот Чарлс, најмногу „заработуваат“ од своите имоти и парите кои ги добиваат од Парламентот. Милиони се слеваат во насока на остатокот од семејството.

Трите главни извори на приходите на кралицата се Кралската апанажа, Војводството Ланкастер и нивните имоти и инвестиции. Кралицата покрај тоа е сопственик на сите необележани лебеди, делфини и китови во кралството, и тоа од 12-от век иако од тоа, како што се шегуваат економистите и експертите за кралското семејство, веројатно не профитира многу.


Кралската апанажа е годишен приход од владата кој ги покрива трошоците за патување, репрезентации, осигурување, вработени, одржувањето на кралските палати и имоти. Кралицата добила 42.8 милиони фунти (ослободени од даноци) преку кралската апанажа за фискалната 2016-2017 година, а оваа сезона таа би требало да порасне на 76.1 милиони фунти со цел да се финансира и реновирањето на Бекингемската палата. Кралската апанажа се генерира од збирот на имотите и фармите кои годишно генерираат стотици милиони фунти. Повеќето одат во владата за трошење, но од 15 до 25 проценти одат во кралската апанажа. Војводството Ланкастер е важен извор на приходи. Станува збор за приватни комерцијални, агрикултурни и резиденцијални структури кои датираат од 1265-та година. Минатата фискална година тие генерираа околу 19,2 милиони фунти за кралицата. Кралицата тоа го кристи со цел да си ги плати приватните трошоции и трошоците на членовите на кралското семејство кои преземаат дел од формалните должности.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN


Нејзин сопствен имот се дворецот во Балморал во Шкотска и Сандрингем близу Норфолк на истокот од Англија. И двата и се наследени од нејзиниот татко и кралицата ги третира како сопствен дом иако понекогаш се отворени и за јавноста. Кралицата исто така поседува и вредна колекција на поштени марки, бројни уметнички дела и портфолио на акции. Бројни кралски познати скапоцености и накит, како и уметнички дела всушност се во сопственост на „Royal Collection Trust”. Сопругот на кралицата, принцот Филип, војводата од Единбург, исто така добива 359.000 фунти годишно со цел да ги финансира своите должности и трошоците за истите. Тој се пензионираше пред неколку години по шеесет години јавна служба.


Престолонаследниот Чарлс исто така живее од комбинацијата од јавните финансии и приватните. Тој и неговата сопруга Камила имаат повеќе извори на приходи. Дури деведесет проценти од нивните приходи доаѓаат од Војводството Корнвол најстарото војводство основано во 1337-та година токму за да може да се заработи за благодарништвото и кралското семејство. Војводството Корнвол поседува и управува со бројни недвижнини и имоти, острови и фарми од кои заработува.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN


Во изминатата година Чарлс со семејството заработил 20,7 милиони фунти. Добиле и 1,3 милиони фунти од кралската апанажа, како и 461.000 од различни јавни институции. Тие пари и парите од апанажата ги трошат на плати за вработените, трошоци за патувањата и заштита. Околу 6,6 милиони фунти заминуваат на штедните книшки на децата на Чарлс. Браќата Вилијам и Хари имаат и приватно богатство кое го наследиле од нивната мајка, починатата принцеза Дијана. Како што пишува CNN не е до крај јасно, како заработува остатокот од семејството. Кралицата освен Чарлс има уште три деца, а тие имаат свои деца и внуци.

Слични објави

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо
Се вчитува....