5.8 C
Скопје
03:09 - 31 март, 2026

Натали Портман и Серена Вилијамс станаа сопственички на женска фудбалска екипа

Оскаровката Натали Портман заедно со четирикратната олимписка шампионка и 23-кратна освојувачка на грен слем титули, Серена Вилијамс, станаа косопственички на нов фудбалски клуб во Националната женска фудбалска лига на САД, кое ќе биде со седиште во Лос Анџелес.

  • Правиме возбудлив чекор и промовираме екипа што во поголемиот дел ја водат и ја финансираат жени. Целта ни е заеднички да изградиме не само победничка женска екипа што ќе игра на терен, туку и страсна женска навивачка група – истакна Портман, која освен по улогите во многубројните филмски остварувања, на јавноста ѝ е позната и како активистка и промотор на женските права.

Во моментот во Националната женска фудбалска лига на САД се натпреваруваат осум екипи, но досега ниту една од нив не беше од Калифорнија.

  • Долго време баравме вистински партнер во Лос Анџелес, со оглед на тоа што таму веќе постојат многу навивачи и во тој регион постои навистина голема желба за играње, но и за следење вакви женски натпревари.  Овие фактори, со неверојатниот избор на сопственици, прават да постојат идеални можности и возбудени сме поради тоа – рекла Лиса Баирд од Националната женска фудбалска лига на САД.

Поголемиот дел од сопствениците на клубот се жени, на чело стои Џули Ухрман, а инвестицискиот дел го води сопругот на Серена Вилијамс како и Алексис Оханијан.

Од актерскиот свет, помеѓу имињата на сопствениците можат да се прочитаат и Џесика Честин, Америка Ферера, Џенифер Гарнер и Ева Лонгорија, како и неколку водителски но и женски фудбалски имиња, какви што се Миа Хам, Џули Фауди и Аби Вомбак.

  • Нѐ спои заедничката страст кон промените што треба да се случат. Промените за нашите играчи, промените за нашите навивачи и промените што мора да ни се случат нам како на заедница. Промените што почнаа денеска – изјави Џули Ухрман, по повод основањето на женскиот фудбалски клуб на подрачјето на Лос Анџелес.

Новиот тим ќе биде вклучен во натпреварите што се закажани за 2022 година.

Националната женска фудбалска лига на САД (NWSL) е основана во 2012 година.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....