27.8 C
Скопје
11:44 - 26 мај, 2026

Направила вообичаена операција за подмладување, а потоа се тргнало наопаку: Позната водителка за малку ќе го загубела видот и јавно зборуваше за тоа

Познатата британска водителка Лизи Кунди, неодамна јавно зборуваше за трауматичните последици со кои се соочила по последната естетска корекција, кога малку недостигало да го загуби видот.

Славната 51-годишна водителка призна дека невнимателно и без претходно истражување направила операција за подмладување.

– Се чувствував уморно и депресивно, а еден пријатели ми рече: Да, изгледаш прилично изморено, зошто не пробаш со филери околу очите? Тоа може да те подмлади за 10 години. Не размислував многу за тоа, само помислив дека е добра идеја. Тоа беше идиотска одлука која ја донесов во тежок момент, кога само сакав веднаш да изгледам помладо и поубаво – објаснува Лизи.

Фото: Профимедиа

Таа практично веднаш по самиот третман почувствувала дека нешто не е како што треба, очите веднаш и потекле, исто како да имала алергиска реакција.

За среќа, Лизи веднаш побарала помош од врвен доктор, па успеала да си го сочува видот, но потоа сакала отворено да зборува за своето искуство за да ги предупреди и другите жени.

– Утрото по операцијата мојот вид беше целосно замаглен и почнав да паничам. Помислив дека сум го загубила видот. Очите ми беа толку надуени, бев преплашена. Повикав пријател кој познава специјалист за отстранување на филери. Откако му испратив слики од очите, тој ми рече веднаш да одам кај него. Буквално чувствував како очите да ме печат одвнатре – се сеќава водителката на ова непријатно искуство.

– Докторот ми рече дека мора се да се отстрани и дека тоа може да ме повреди, но јас немав проблем. Штом го вбризга растворот за растворање, веднаш забележав разлика. Ми се врати видот во нормала за само неколку минути. Навистина имав среќа да го зачувам видот и сакам да ги предупредам другите – додава водителката.

Атрактивната бринета вели дека најмногу стравувала од тоа дека повеќе нема да може да ги гледа своите два сина – Џош и Џејмс, кои ги добила од бракот со поранешниот сопруг Џејсон Кунди.

Ова не е прв естетски подвиг на кој се одлучила актерката, а во минатото признала и дека имала операција на градите и низа на третмани за лице.

View this post on Instagram

Perfect day at @annabelsmayfair Annabel’s ?

A post shared by Lizzie Cundy (@lizziecundy) on

Слични објави

Милица Тодоровиќ му приредила изненадување на својот оженет партнер – изнајмила куќа и го однела надвор од Белград

Еспресо

Убава причина за славење во семејството Црнокрак: Мики Црнокрак се пофали

msp-admin

(Фото) 24 години љубов: Клаудија Шифер со емотивна приказна за сопругот

msp-admin

Слаткар прослави посебен датум: Да е жив и здрав уште многу години!

apostolova

Хороскоп за 26 мај: Биковите ќе се наполнат со пари, Водолиите ќе бидат изненадени од неочекуван повик

Еспресо

(Фото) Александар Белов го покажа домот во Крагуевац, интересни моменти со ќерката

msp-admin
Се вчитува....