6.8 C
Скопје
09:09 - 1 април, 2026

Наоми Кемпбел имала непријатно искуство на аеродромот во Софија: Причината поради која манекенката ја одвоиле од останатите патници е расизмот

наоми кембел

Светски познатиот топ модел Наоми Кемпбел доживеала непријатнa случка на аеродромот во Софија, Бугарија. Имено, познатата манекенка била замолена да се тргне настрана за посебен претрес, пренесува „Дејли Мејл“.

Наоми пристигнала во Бугарија за моден ангажман, а смета дека причината зашто ја одвоиле од останатите патници е расизмот. Споменатиот медиум цитираше извор кој тврди дека Наоми била многу вознемирена на 19 мај, кога се случил инцидент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)


Како што се наведува, не се знае дали персоналот кој побарал посебен претрес на нејзините работи се вработени на аеродром или работат во приватна компанија. Манекенката подоцна била видена како го напушта аеродромот со капа на главата, држејќи торба во раката пред да биде однесена со автомобил во луксузен хотел во Софија.

„Беше многу вознемирена. Целиот инцидент многу ја вознемири. Со нетрпение го чекаше возбудливото снимање во Софија, но немилиот настан ја засени работата“, истакнал еден од нејзините пријатели.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Расното профилирање се однесува на сомневање, таргетирање или дискриминација на лице врз основа на нивната етничка припадност, религија или национално потекло, а во последниве години се користи поопшто за случаи на стереотипни претпоставки за бојата на кожата на лицето.

Наоми Кемпбел веќе имала непријатно искуство на аеродромот Хитроу, Англија кога била спроведена од аеродромот со лисици по жестока расправија со полицијата. Тогаш кружеа гласини дека славната манекенка се налутила кога член на кабинскиот екипаж ѝ рекол дека нејзиниот багаж не е во авионот затоа што бил претежок.

 

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....