06:54 - 10 јануари, 2026

Наоми Кембел, Синди Крафорд, Клаудија Шифер: Интригантни кралици на модните писти (ФОТО)

Клаудија Шифер, Наоми Кембел и Синди Крафорд се имиња кои оставија голема трага на светските модни писти. Ова се интригантни детали кои ги обележија кариерите на познатите жени, поради кои во 90-те во употреба влезе изразот супермодел.

Profimedia

Наоми Кембел (49) поради своите неверојатно долги и витки нозе е наречена „црна пантерка“. Кариерата ја започнала како 7-годишно девојче глумејќи во спотот на Боб Марли „Is this love“. Во април 1988 година заблеска на насловната страница на париски „Вог“ како прв модел со темна боја на кожата.

„Тешкиот“ карактер е она по што ја препознаваат нејзините соработници, а токму тоа и донело многу тужби и дури четирипати е осудувана поради напади на соработници. Пред 12 години, по признанието дека ја нападнала соработничката, осудена е на општествено корисна работа. Собирала ѓубре во дизајнерска облека со круна на главата. На крај дури ги нападнала и полицајците бидејќи на аеродромот не можела да си ги најде куферите, поради што доживотно и забраниле да лета со „British Airways“.

Profimedia

Синди Крафорд (53) никогаш немала проблем јавно да признае дека имала естетска корекција на 28 години. И нејзиниот живот ја интригираше јавноста долго време. Таа беше во брак со Ричард Гир, а денес е мажена со Ранди Гебер, со кого има две деца.

Profimedia

Клаудија Шифер (49) себеси се замислувала како угледна адвокатка во адвокатската канцеларија на татко и. Во работата како супермодел била толку успешна што е запишана во Гинисовата книга на рекорди како модел со најмногу насловни страници, дури повеќе од 1000. Клаудија била мета на опседнати обожаватели кои ја прогонувале. Пред 18 години полицијата уапсила маж кој дошол на нејзиниот имот дури 9 пати. Тој подоцна изјавил дека папата му рекол да се ожени со Клаудија, по што бил сместен на психијатриско лекување. Од нејзините врски најинтересна е онаа со магионичарот Дејвид Коперфилд, а од бракот со продуцентот Метју Вон има три деца.

Image result for claudia schiffer david copperfield profimedia

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....