23.8 C
Скопје
15:51 - 27 април, 2026

Најсексапилниот маж на светот сака само една жена: Џон Леџенд го открива рецептот за успешен брак! (ФОТО)

Пејачот Џон Леџенд и манекенката Криси Тиген се запознаа уште во 2007 година на снимањето на неговиот спот за песната „Stereo“. Криси била ангажирана да ја одигра улогата во екранизацијата на неговата песна.

Веднаш штом се сретнале имало искри, а и самата Криси во разговор за едно списание открила дека веднаш после снимањето се случило нешто помеѓу нив, но во официјална врска стапиле дури после година дена.

После снимањето на спотот, Џон заминал на турнеја, но продолжил да се допишува со Криси.
„Се заљубив во неа додека се допишувавме. Знаете, таа е многу вешта со зборовите. Нејзината смисла за хумор е тоа што го сакам најмногу кај неа. Не ни памтам колку телефонски разговори и пораки разменивме, но знам дека уште тогаш помислив дека тоа е жената со која сакам да го поминам остатокот од животот“.

После 4 години забавување, Џон ја запроси манекенката, а свадбата која како што вели била од бајките, се одржа во 2013 година на италијанското езеро Комо.

Криси рекла дека бракот никогаш не и бил приоритет. „Ми беше убаво во врската со него и никогаш не инсистирав да го потпишеме тој лист. Знаев дека нашата љубов е силна. Не сум традиционален тип, едноставно се чувствувам убаво кога сум со него и тоа е се што ми е потребно“, рекла таа.

Тие двајца денес имаат две деца, ќерката Луна и синот Мајлс.

На друштвените мрежи со следбениците споделуваат фотографии од семејните моменти и изгледа како да владее идила во нивниот дом.

View this post on Instagram

Luna's favorite dance routine

A post shared by John Legend (@johnlegend) on

Музичарот во едно интервју открил како успева да ја задржи страста и љубовта после толку години поминати заедно.

Иако Џон дефинитивно не открил топла вода во бојлер, уште еднаш не потсети сите дека тоа е еден од многу едноставните начини како да му покажеме на партнерот дека и понатака ни е важен и посебен, дури и после 11 заеднички години.

View this post on Instagram

Composing the theme song for American Chubbz

A post shared by John Legend (@johnlegend) on

„Купете цвеќе од време на време, нека вашиот партнер знае дека се уште е посебен. Мене Криси денес ми е попривлечна него ли пред 10 години, бидејќи сега тоа не е само физички. Ние сме тим и тоа не прави уште поповрзани него ли било кога“, рекол тој.

На одмет не е ни да напишете неколку љубовни стихови на вашата поубава половина, баш како што тоа го направи Џон со љубовната балада „All of me“ , која ѝ ја посвети на својата сопруга.

Слични објави

Заборавете на фарбање на израстокот секој месец: Техниката „френч блендинг“ прави чуда за седата коса

Т.Ц.

Укината двегодишната забрана за Аца Лукас – повторно може да настапува во Шведска!

Еспресо

(Фото) Ја отворија летната сезона во Грција – водителот Ненад ужива со семејството

Еспресо

Вистината за големиот хит на Лепа Лукиќ – денес сите ја пееме, но пред 30 години се одвивала драма околку таа песна

Еспресо

(Фото) Зуица Лазова во опуштено и спортско издание – одлучи да ги „наполни батериите“ на свеж воздух

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ доби несекојдневен подарок за 30. роденден: „Можеби не изгледам еуфорично, но…“

Еспресо
Се вчитува....