00:58 - 22 јули, 2026

На српската пејачка Бресквица ѝ е забранет влезот во Косово, откажан настапот во Митровица

На српската пејачка Анѓела Игњатовиќ – Бресквица ѝ е забранет влез на Косово, поради што е откажан нејзиниот вечерен настап во Косовска Митровица, објави еден белградски медиум.

Според достапните информации, пејачката била запрена од припадници на косовската полиција и вратена од административниот премин, но причините за забраната засега не се познати.

Бресквица им се обрати на своите фанови кои ја очекуваа на концертот.

„Од срце ви благодарам што издвоивте време да дојдете вечерва, да се дружиме и пееме заедно. За жал, мојот бенд и јас не успеавме да го поминеме административниот премин и вечерва нема да можеме да настапиме, но сигурна сум дека наскоро ќе се видиме и ќе ве известам за нов датум“, порача таа.

Настапот во Северна Митровица го организирала Српска листа, а потврдено е дека наместо Бресквица ќе настапи пејачот Боба Ракиќ.

Потсетуваме, Бресквица минатата година се натпреваруваше на српскиот избор за Песна за Евровизија со песната „Гнездо орлово“. Нумерата предизвика реакции бидејќи некои сметаа дека има политичка порака поврзана со Косово, но пејачката ги отфрли тие тврдења.

Слични објави

(Видео) По смртта на Оливера Катарина повторно се раскажува нејзината приказна за средбата со Тито

Т.Ц.

Синот на Марија Шерифовиќ вози чамец, пејачката објави хит-фотографија на Инстаграм

Т.Ц.

Почина легендарната Оливера Катарина, една од најголемите уметници на просторите на поранешна Југославија

Т.Ц.

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ покажа кој се грижи за нејзиниот син Илијан во Севиља

Т.Ц.

Тања Савиќ откри со какви здравствени проблеми се соочува: Ѝ опаѓа косата, а има проблем и со гласот

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри како го прославила 55. роденден: Избра тивка и посебна прослава

Еспресо
Се вчитува....