20.8 C
Скопје
15:57 - 21 октомври, 2026

Музика за душа од „Дрим тим и пријателите“ за празниците што следат

Наум Петрески, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукуќ, Дац и Александар, Дани Димитровска, Сузана Гавазова, Ѓоко Танески, Миле Кузмановски, Полина Тасева се дел од проектот „Музика за душа“ на групата „Дрим тим“ и пријателите.

Најголемите хитови на овие пејачи, плус познати македонски народни песни преработени во боемски дух се одличен избор за периодот на празниците што следат, рекоа од „Дрим тим“ на вчерашната промоција во скопскиот ресоран „Воденица“.

Наум, Зуица, Ѓоко Танески и други пејачи се дел од овој проект Фото/ Приватна архива

-Многу ми е драго што вечерва сме собрани токму овде, местото каде што и се роди нашиот нов проект насловен „Дрим тим и пријателите“. Оваа промоција требаше да се случи многу порано, но како што знаете, животот понекогаш ни носи и тешки моменти, а трагедијата во Кочани не нè остави рамнодушни. За музичарите најубавата награда е аплаузот, затоа ве молам за еден силен аплауз за сите наши починати колеги и сите жртви во оваа трагедија. Вечерва сме тука, со новиот проект кој ни значи многу повеќе од само музика. Овој проект е нешто што го носиме во срцето — тој го означува заокружувањето на еден долг пат, 25 години “Дрим тим“. 25 години музика, многу сцени, многу пријатели, многу љубов. Патување полно со предизвици, радости и незаборавни моменти. Благодарни сме секому кој бил дел од ова патување. Пред нас е период на празници, моменти со нашите најблиски, па во тие мигови посакуваме да имате парче убава македонска музика за добро расположение, за топлина и радост во домот“, рече на промоцијата пејачот на „Дрим тим“, Дејан Николоски- Чуле.

 

Слични објави

(Фото) По 15 години, Татјана Стојановска си заминува од Канал 5 — колегите ѝ приредија емотивно испраќање

К.С.

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.
Се вчитува....