16:24 - 7 април, 2026

МОМЧЕТО ОД ТИТАНИК И ПО ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ ОД ФИЛМОТ ДОБИВА ПАРИ ЗА ТАА УЛОГА: Малкумина го паметат, а во филмот ги расплака сите!

Рис Томпсон, кој е најпознат по улогата на малиот Ирец во филмот „Титаник“, откри дека и по 25 години од снимањето на филмот, тој сè уште заработува од таа мала улога во блокбастерот на Камерон, пренесува „Belfast Live“.

Томпсон имал само пет години кога ја добил улогата во „Титаник“, во кој глумел момче кое патувало од најниската класа и трагично загинало со неговата мајка и сестра.

Томпсон со својата „филмска“ мајка и сестра и другите патници може да се видат на сцената како чекаат да се отвори главната врата за излез за  третата класа. Тројцата не стигнале до чамците за спасување, а подоцна биле присутни на сцената во нивната кабина каде заедно загинале, пишува „24hr“.

Неговата улога во филмот беше навистина мала, но значајна бидејќи прикажуваше многу поголема трагедија на најсиромашните патници кои ги загубија животите на Титаник. Денес, Томпсон се занимава со дигитален маркетинг во Јута и поседува центар за скијање и сноубординг. Иако едвај се сеќава на деталите од снимањето на филмот, плаќањето на хонорарот за филмот што го добива секоја година го потсетува дека еднаш одамна го снимал „Титаник“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)


Кариерата ја започна како дете модел и доби договор со агенција откако победи на еден натпревар. Агентот тогаш и на неговата мајка и понудил две опции за Риса – улога во реклама за бензинска пумпа или можност за улога во „Титаник“. Иако рекламирањето било побезбедна опција, неговата мајка избрала да се појави накратко на „Титаник“, кој на крајот стана вториот најуспешен филм во историјата според заработката. Сè додека филмот се прикажува, Томпсон ќе добива по неколку стотици долари секоја година

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....