Едноставно морав да застанам, како што тоа мора да го направите понекогаш во животот, изјавила Калин откако видеото почнало да кружи на друштвените мрежи.
Новата мис на Белгија за 2020 година Калин Ван Ојтсел (23) изгуби рамнотежа и падна додека се шеташе по сцената за време на натпреварот во саботата.
За време на падот, градникот ѝ искочи низ ракавот. Калин не се обесхрабрила, туку станала и продолжила да оди со насмевка, поради што доби бројни комплименти на друштвените мрежи.
Едноставно морав да застанам, како што тоа мора да го направите понекогаш во животот, изјавила Калин откако видеото почнало да кружи на друштвените мрежи.
Калин била фаворит на натпреварот и ја оправда својата улога и покрај падот. Мисицата која има дипломирано на правен факултет, била прогласена како победник, а титулата ја наследила од Елене Кастро Суарез.
„Мојот сон се оствари. Тешко ми е да поверувам, но јас сум вашата Мис Белгија за 2020 година. Многу сум среќна, воодушевена и благодарна. Ви благодам на сите кои ме подрживте на патот до круната. Толку многу сум мотивирана да ја започнам оваа година како мисица. Не можам да ви го опишам чувството. Ќе дадам се од себе да бидам што подобра. Верувајте во себе и никогаш не се откажувајте“, напишала Калин на друштвените мрежи.
? Oups… une candidate chute et oublie quelque chose sur scène ? La grande soirée Miss Belgique 2020 continue sur RTLplay⏭ https://t.co/f0bF3J5RrI #MissBelgium #MB2020 pic.twitter.com/wi6lbvO0tR
— RTLplay (@RTLplay) January 11, 2020