6.8 C
Скопје
02:36 - 24 септември, 2026

Мишел Трајковски се сети на легендата Милан Завков: Имавме мала традиција што ќе ја паметам засекогаш

Емотивна приказна за познатиот музичар Милан Завков, раскажа неговиот колега, хармоникашот Мишел Трајковски.

Познатиот музичар Мишел Трајковски вчера го прослави својот роденден, но овој ден за него носи и посебна тежина. Тој преку социјалните мрежи сподели трогателна порака посветена на легендарниот виртуоз на хармоника и композитор, Милан Завков.

Трајковски објави заедничка фотографија со Завков, двајцата со хармоники.

„Секоја година на овој ден си честитавме заедно, со насмевка, музика и искрена радост. Тоа беше наша мала традиција што ќе ја паметам засекогаш“, напиша Трајковски на Фејсбук.

Милан Завков беше еден од најголемите македонски виртуози на хармоника, врвен инструменталист и исклучителен автор. Неговата богата кариера започна уште во детството. Почнал да свири на 8 години, а веќе на 14 години станал дел од ансамблот „Млад Танец“.

Дипломирал на Музичката академија во Скопје на отсекот за контрабас, бидејќи во тоа време немало студии по хармоника.

Завков остави неизбришлив белег како долгогодишен член и првенец на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, каде што работеше како раководител на оркестарот. Зад себе остави огромен опус од над 150 авторски творби, многубројни ора и безвременски хит-мелодии како „Заиграј со мене“, „Камен да беше срцето“, „Свири мајсторе“, „Нема друга Македонија“ и многу други кои ги отпеаја легендарните имиња на македонската естрада.

Македонската јавност и музичката фела беа во шок кога на 6 февруари 2023 година, ненадејно, на 60-годишна возраст, маестро Завков почина од срцев удар.

Иако Милан Завков веќе неколку години не е физички меѓу нас, неговите колеги и јавноста не дозволуваат неговиот лик и дело да паднат во заборав.

„Денес го славам мојот ден, но и се сеќавам на тебе, легендо. Твојата музика и дух живеат засекогаш. Среќен роденден и горе…“, додаде Мишел Трајковски во објавата.

Завков беше познат како голем уметник, ментор на помладите музичари и човек кој со својата хармоника ја испиша поновата историја на македонскиот мелос.

Слични објави

(Видео) По 12 години си замина од „Ѕвездите на Гранд“: Еве каде се наоѓа Ана Бекута

Еспресо

(Фото) Заљубени и среќни – Вељко и Богдана Ражнатовиќ споделија емотивен момент

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска и сопругот Рубин на романтично патување во Бугарија, позираа во складни комбинации

Еспресо

„Браво, љубов моја“: Анастасија Ражнатовиќ горда на Немања Гудељ, честитки стигнаа од сите страни

Еспресо

(Фото) Миа Костова проговори за тешкиот период: „Ова беше едно лето со лоши вести“

Еспресо

(Видео) Голема трансформација: Дејан Милиќевиќ ослабел 45 килограми

Еспресо
Се вчитува....