9.8 C
Скопје
14:26 - 31 март, 2026

Мила Кунис открива како изгледал нејзиниот прв бакнеж: Дали сум првиот човек што си го бакнала?

Мила Кунис и Ештон Качер почнаа да се забавуваат во 2012 година, а оттогаш нивната љубов стануваше сè посилна.

Се венчаа на прекрасна церемонија во јули 2015 година. Сега имаат две деца – ќерката Вајат Изабел Качер и синот Димитри, и како што и самите велат, живеат како во бајка.

Ештон и Мила всушност првпат се сретнале на сетот на серијата „Луди седумдесетти“. Во една епизода снимена во 1998 година, тиа морале да се бакнат.

Подоцна, Мила открила дека овој бакнеж со Ештон, нејзиниот сегашен сопруг, всушност бил првиот во нејзиниот живот.

Profimedia

Во едно интервју, Мила призна дека во тоа време веќе имала симпатии кон Ештон и дека била многу нервозна за тој бакнеж за време на снимањето:

– Размислував: „Тој е толку симпатичен, како модел на Келвин Клајн“. А потоа слушнав дека треба да го бакнам. Бев толку нервозна. Бев многу заљубена во него. Ештон беше многу фин, се шегуваше со мене и ми даде некои убави комплименти.

Но Ештон не знаел дека тоа е првиот бакнеж на Мила:

„Дали сум првиот човек што го бакна? О Боже, не знаев! Мило ми е што не знаев, бидејќи во спротивно ќе бев премногу нервозен. А и бев нервозен. Таа беше толку кул, се однесуваше како тоа да го правела илјадапати претходно. Имав пеперутки во стомакот. Мислам, тука е таа слатка девојка и морам да ја бакнам. Голем притисок!“

Profimedia

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....