19.8 C
Скопје
10:33 - 28 март, 2024

Северна Кореја наскоро ќе ја добие својата „железна лејди“?

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, доколку го наследи претседателскиот трон на својот брат, би можела да биде најбруталниот водач на оваа, според проценките, најзатворена држава во светот.

Ова го тврдат западните дипломати според кои сѐ поизвесни се сигналите кои доаѓаат до Пјонгјанг, а кои упатуваат на тоа дека 32-годишната Ким Јо Џонг се подготвува целосно да ги преземе инструментите на власта во Северна Кореја. Овој потег на Џонг е резултат на сѐ погласните тврдења дека нејзиниот брат Ким Џонг Ун повеќе месеци се наоѓа во кома, а дека неговите неодамнешни настапи во јавноста се исценирани.

Претставниците на американските воени разузнавачки служби во своите извештаи наведуваат дека не виделе никакви докази со кои се упатува дека сестрата на Ким Џонг Ун владее, но сепак сите индикатори покажуваат дека таа како втора по командна хиерархија, веќе започнала да владее со „железна тупаница“.

Првиот воен планер на Пентагон за корејскиот полуостров, Дејвид Максвел, оцени дека доколку Ким Џонг Ун ја држи состојбата под контрола, Северна Кореја нема да биде толку затворена за комуникација со меѓународната заеница. Полковник Максвел потсетува дека токму една од одликите на политката на Ким, за разлика од неговиот татко и дедо, е неговото настојување да не ги отфрла средбите и дијалогот со светските лидери. Еден од примерите е секако неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп, која иако не вроди со некакви резултати, сепак, може да се нарече историска.

Од друга страна, останува фактот дека секој наследник на лидерскиот трон во комунистичкиот Пјонгјанг е многу полош и подиктаторски настроен од својот претходник. Така таткото на Ким Џонг Ун, Ким Џонг Ил, наследувајќи го тронот од првиот во комунистичката династија и дедото на актуелниот лидер Ким ил Сунг , спроведуваше поголем степен на диктатура од својот претходник.

Сепак, сѐ уште не постојат веродостојни информации ниту, пак, докази дали воопшто има потреба да дојде до смена на лидерската позиција во Северна Кореја. Шпекулациите за наводната болест на актуелниот лидер Ким Џонг Ун, се пласирани од страна на бројните севернокорејски дисиденти, кои од егзилот во кој се наоѓаат тврдат дека Северна Кореја наскоро целосно ќе биде под диктат на сестрата на Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг.

EPA-EFE/LUONG THAI LINH / POOL

Еден од квалитетите на нејзиниот лидерски успех секако е женственоста и суптилниот начин на однесување. Таа се опишува како амбициозна и паметна, при што се додава дека остава впечаток на помек и женствен сјај на бруталната фасада за спроведување на нечовечкиот режим.

Откако целосно ќе го преземе владеењето со Северна Кореја, таа ќе стане безобзирна, со цел да го наметне својот авторитет врз севернокорејските граѓани. Во однос на надворешната политика, од неа се очекува таа да стане уште подрска и поопасна во заканите кон меѓународната заедница и пред сѐ кон САД, со цел да покаже дека како лидер на нуклеарна држава, нема да прифаќа наредби од страна на ниедна меѓународна институција.

Она што со сигурност се очекува, откако хипотетички таа би ја обелоденила својата лидерска позиција во Северна Кореја, ќе биде секако истрелување на нуклеарни ракети со среден дострел, постапка со која ќе испрати порака до светот дека Северна Кореја е нуклерана сила.

Меѓутоа, доколку се вистинити информациите за наводната болест и повлекување актуелниот лидер Ким Џонг Ун, во трката за негов наследник не смее да се заборави и неговиот чичко, Ким Пјонг Ил.

Ким Пјонг Ил е вториот син на Ким ил Сунг и брат на таткото на сегашниот лидер Ким Џонг Ун, Ким Џонг Ил. Во своето политичко делување тој обавувал повеќе дипломатски и амбасадорски функции низ државите во Европа, меѓу кои амбасадорската функција во Швајцарија како и службеник во амбасадата во Белград.

Ким Пјонг Ил е вонбрачен син на таткото на севернокорејската нација Ким ил Сунг, кој сакајќи да ја скрие оваа афера уште во седумдесетите години на минатиот век, го испратил што подалеку од Северна Кореја, во дипломатска мисија во Европа, така затскривајќи ја својата љубовна авантура со една службеничка од неговиот кабинет. По неговата смрт, неговиот син и наследник Ким Џон Ил, веднаш го протерал својот полубрат од Северна Кореја стравувајќи дека тој во иднина може да му стане конкуренција на лидерската позиција во Пјонгјанг.

Сега, откако и дедото и таткото ги нема, а внукот, според шпекулациите не е способен да ја врши претседателската функција, искусниот дипломат со комунистичка крв Ки Пјонг Ил се обидува да се врати во Северна Кореја и да го преземе тронот.

Она од што најмногу стравуваат комунистичките структури во Пјонгјанг се таканаречените демократски и реформаторски најави на Ким Пјонг Ил, кој ветува целосно демократизирање на севернокорејското општество. Веќе се шпекулира дека токму Ким Пјонг Ил, всушност е главниот адут на Западот преку кој ќе се реализира повеќедецениското настојување да се урне последниот бастион на комунизмот во светот и конечно да дојде до обединување на корејскиот полуостров.

Што се однесува до главниот адут на актуелниот комунистички режим во Пјонгјанг , се чини дека тоа е сестрата на Ким Џонг Ун, која би требала да му се спротивстави на својот чичко и да го задржи комунистичкиот поредок на поделениот корејски полуостров.

The post Северна Кореја наскоро ќе ја добие својата „железна лејди“? appeared first on Слободен печат.


Северна Кореја наскоро ќе ја добие својата „железна лејди“? was first posted on август 26, 2020 at 4:59 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....