7.8 C
Скопје
01:00 - 31 март, 2026

Мелани Грифит и Антонио Бандерас: Се венчаа за две недели, се разделија по 20 години брак, но сè уште се добри пријатели

Антонио Бандерас и Мелни Грифит се запознаа на снимањето на комедијата „Too Much“, а истата година се венчаа и ја добија ќерката Стела.

Актерот Антонио Бандерас изјави дека се уште на дневна база разговара со поранешната сопруга Мелани Грифит и истакна дека таа секогаш ќе биде дел од неговото семејство. Парот се раздели во 2015 година, но сепак останаа блиски пријатели.

профимедиа

59-годишниот актер истакна дека со 62-годишната Мелани поминал прекрасни години, а ја имаат и ќерката Стела (24) која заедно ја одгледуваат. „Мислам дека никој од нас не сака да се откаже од 20-годишниот брак. Луѓе сме и грешиме како и сите други“, изјави Бандерас. Тој додаде дека Мелани секогаш ќе му биде најдобра пријателка.

профимедиа

Антонио и Мелани се запознаа на снимањето на комедијата „To Much“, а врската ја започнаа веднаш. Се венчаа во Лондон во 1996 година по само неколку недели врска, а истата година е родена и нивната ќерка Стела.

профимедиа

„Имаме прекрасна ќерка која и двајцата ја сакаме и многу сме среќни“, говореа Бандерас и Грифит. Стела денес е манекенка, а уште како девојче глумеше со мајка и во филмовите. На крајот се одлучи за пресврт во кариерата, но родителите ја поддржаа. Родена е во Марбеља, но порасна во Лос Анџелес.

профимедиа

Бандерас и Грифит веќе долго не живеат заедно, но актерот редовно ги посетува ќерката и поранешната сопруга, и за нив сето тоа е природно. Светските медиуми со години пишуваа дека тие се еден од најцврстите парови во Холивуд, но за жал и на нивната љубов и дојде крајот.

Актерката има уште две деца, Дакота (30) која ја доби со Дон Џонсон за кој се мажеше два пати и синот Александар (34) од Стивен Бауер.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....