16:50 - 31 март, 2026

Маратонците повторно ќе трчаат за Тоше: Шеснаесет години без нашата најголема музичка ѕвезда

Годинава, на 16 октомври, се навршуваат 16 години од вечното заминување на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. Овој датум е врежан во колективното сеќавање на македонскиот народ како еден од најтажните денови за сите нас.

Една од најубавите традиции, кои сѐ уште се одржуваат во спомен на нашиот Тоше, е меморијалниот маратон во негова чест.

И годинава ултрамаратонците ќе го започнат својот маратон, за на 16 октомври напладне да стигнат во родното место на Тоше, Крушево, и да го посетат неговото вечно почивалиште, на Гумење, за да му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец.

Ултрамаратонците се веќе во Хрватска и денеска, околу 17 часот, ќе го почнат симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градишка, од местото на големата трагедија пред 14 години.

По повод 16-годишнината од загинувањето на Тоше Проески, во Крушево се очекува пристигнувањето на неговите бројни обожаватели од земјава и од странство. На неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево е подигнато спомен-обележјето во негова чест и спомен.

Како потсетување, Тоше Проески го загуби својот живот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, кај Нова Градишка во Хрватска.

Антонија Шола се присети каков бил приватно Тоше Проески: „Многу веруваше во мене…“

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....