9.8 C
Скопје
10:53 - 19 март, 2026

Манекенката ја разбудиле од анестезија додека била на операција на мозокот

Австралиската манекенка Емили Сирс (35) доживеала вистинска драма кога лекарите ја разбудиле од анестезија во текот на тешката операција на мозокот.

Откако таа лани доживеала напад, на убавата манекенка ѝ откриле абнормална испреплетеност на крвните садови во мозокот. Сирс споделила дека лани ѝ дијагностицирале кавернозна малформација, која претставува група абнормални крвни садови во мозокот, кои предизвикуваат епилептични напади.

instagram

Манекенката тогаш по многу анализи добила терапија за да ја држи својата болест под контрола, но откако продолжиле нападите, лекарите ѝ закажале операција. Поради пандемијата на коронавирусот целиот процес бил запрен, па операцијата морала да се одложи, но манекенката конечно била оперирана минатата недела.

Операцијата била тешка и траела дури пет часа, а бидејќи крвните садови се наоѓале покрај центарот за говор, лекарите ја разбудиле Сирс од анестезијата за да зборува додека ѝ ја отстрануваат масата за да бидат сигурни дека нема да го оштетат.

За среќа операцијата завршила успешно, а манекенката сега полека закрепнува во болница. Австралиските медиуми веќе дошле до фотографиите од болницата, на кои манекенката е во завои.

instagram

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во ултра мини на посебен настан, изгледа многу помладо

Еспресо

Драма во Русија: Гога Секулиќ во паника се вратила во Србија, платила 5.000 евра за итен лет

apostolova

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо

(Фото) Сузана Гавазова ја покажа спалната соба-опуштена во пижами

Еспресо

Хороскоп за 19 март: Рибите носат важна емотивна одлука, Овните чувствуваат нов почеток

Еспресо

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо
Се вчитува....