23:48 - 19 декември, 2025

Мала астро школа: Каква интелигенција имаме и како комуницираме?

„Меркур ми е во знакот Рак, што значи тоа?“, или „Мојот натален Меркур се наоѓа во знакот Бик, што кажува тоа за мене?“.

По значењето на планетата на љубовта, Венера, да видиме што кажува за нас поставеноста на уште една важна планета – Меркур, планетата на интелигенцијата. Заедно со Асцедентот и поставеноста на планетите во 12-те куќи на наталната карта, планетата Меркур подетално го дефинира нашиот карактер.

Ајде да видиме какво е значењето на Меркур во 12-те куќи на наталната карта.

Меркур во Овен – Размислувате брзо и активно, но површно. Може да станува збор за личност која има одлични идеи, но не знае како да ги реализира.

Меркур во Бик – Ваквата поставеност дава разумна комуникација со луѓето. Во некои случаи дава и личности од типот „еден збор-еден алтан“. Во секој случај, комуницирате со мирен тон.

Меркур во Близнаци – Тука Меркур е совршен во комуникацијата. Ваква поставеност на Меркур имаат личности кои се успешни во пишување, изразување, ораторство, новинарство. Не само што се моќни туку знаат да бидат и многу забавни во комуникацијата.

Меркур во Рак – Раковите природно се „слаби“ во комуникацијата со другите, но со Меркур во Рак ниваната комуникација значително се подобрува. Во секој случај се чувствителни на зборовите, но не толку отворени кон светот.

Меркур во Лав – Во комуникацијата ја користите вашата интелигенција и вашите идеи за да доминирате со другите, но и за да ги „покорите“, односно да станете лидер во секоја ситуација. Големите водачи имаат ваква поставеност на Меркур.

Меркур во Девица – Меркур дава позитивни квалитети на Девицата. Одлични личности во однос на самокритичноста, многу прецизни во говорот, а идеите се добро оценети. Интелегенцијата е ставена во служба на практичноста.

Меркур во Вага – Знаете да дискутирате, дебатирате и да се расправате. Ваквата поставеност на Меркур гарантира личности кои знаат да зборуваат во јавност, како и со пријателите. Комуникацијата никогаш не е агресивна, туку избалансирана. Одлична позиција за правници.

Меркур во Шкорпија – Личностите со ваквата поставеност на Меркур го користат зборот за да ги фасцинираат другите. Магнетно-привлечни кога зборуваат, поточно сè добиваат преку зборот. Внимавајте да не бидете премногу директни во работите што ги кажувате, зашто лесно може да ги повредите другите.

Меркур во Стрелец – Изучувањето јазици е лесно и може да ви донесе голем успех. Ваквата поставеност на Меркур дава луѓе кои многу сакаат да патуваат и да остваруваат комуникација со странци.

Меркур во Јарец – Тука Меркур е како задушен. Дава луѓе кои не се зборливи. Меѓутоа, интелегенцијата е силна и може личноста да има генијални идеи, но тие се во служба на разумот.

Меркур во ВодолијаВаква поставеност на Меркур имаат личности кои одлично се служат со комуникацијата и имаат умешност со зборовите да изманипулираат. Дава и големи лажговци.

Меркур во Риби – Личност со идеи кои доаѓаат од светот на соништата, на потсвесното. Станува збор за премногу чувствителна и имагинативна личност, па затоа, ваквата поставеност на Меркур дава одлични поети, уметници, музичари.

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....