18:27 - 2 април, 2026

Македонски изведувачи го одбележаа второто издание на „Скопје анплагд 2020“

Посетителите на овогодинешното издание на „Скопје анплагд“ (Skopje Unplugged) во петокот на бината на винаријата „Камник“ и почитувајќи ги здравствените протоколи, имаа можност да слушнат некои од македонските музички изведувачи во специјално адаптиран акустичен сет.

– Почитувајќи ги сите препораки на надлежните институции за заштита од коронавирусот, како и одлуката на Владата да одржи концерти и настани на отворено, „Скопје анплагд 2020“ покажа дека е можно музиката да нѐ сплоти и да нѐ поврзе дури и во услови на физичка дистанца – наведоа организаторите на манифестацијата ЈУ Универзална сала.

На овогодинешното издание на „Скопје анплагд“, фокусот беше во целост ставен на македонските изведувачи, на кои им е потребна огромна поддршка во овие неизвесни периоди.

Со почеток во 19:07 часот, фестивалот го отвори Сара Мејс, со изведба на нејзините најголеми хитови. Публиката потоа ја забавуваше групата „Фолтин“, во уникатен акустичен стил со изведба на „Везилка“, „Милице“. За крај на концертот, Тамара Тодевска настапи со својот бенд и акустична изведба на дел од песните кои ја одбележаа нејзината богата кариера.

Фестивалот „Скопје анплагд“ е во организација на ЈУ Универзалната сала, под покровителство на Град Скопје и со поддршка на винаријата „Камник“.

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....