3.8 C
Скопје
03:50 - 17 март, 2026

„МАЈКА МИ ПЛУКАШЕ КРВ“: Вил Смит размислувал да го убие својот татко како одмазда за насилството

вил смит

Во извадок од неговите нови мемоари, „Јас“, објавени на „People“, Смит го открива тешкото детство во Филаделфија со неговиот татко Вилард Керол Смит Постариот и мајката Керолин Брајт и како тоа влијаело на неговата подоцнежна врска со таткото, за кого се грижел додека се борел со рак. Вил Смит тврди дека размислувал да го убие својот татко во еден момент за да ја „одмазди“ мајка си за злоставувањето што го претрпела.

фото: принтскрин/јутјуб

„Татко ми беше насилен, но беше и на секој натпревар, утакмица и рецитал“, пишува Смит (53). „Тој беше алкохоличар, но беше трезен на секоја премиера на секој мој филм. Ја слушаше секоја плоча. Го посетуваше секое студио“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

„Кога имав девет години, го гледав татко ми како толку силно ја удира мајка ми во главата што таа падна. Ја видов како плука крв“. Двајцата на крајот се разделија кога Смит бил тинејџер и се разведоа во 2000 година.

Најнискиот момент во врската помеѓу Смит и неговиот татко била кога тој се грижел за него додека бил болен од рак

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Washed Dads™️ (@washeddads)

„Една ноќ, додека нежно го носев од неговата спална соба кон бањата, во мене се појави темнина. Патеката помеѓу двете соби оди покрај врвот на скалите. Како дете секогаш си велев дека еден ден ќе се одмаздам за мајка ми“.

„Застанав на врвот на скалите“, пишува Смит за застрашувачкиот момент. „Можев да го турнам и никому ништо. Како што децениската болка, гнев и огорченост се повлекуваа, одмавнав со главата и го однесов татко ми во тоалетот“.

Таткото на Смит почина во 2016 година.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....