11.8 C
Скопје
18:47 - 14 март, 2026

„Мајка ми бремена чистеше девет станови“: Искрената исповед на Дара Бубамара ја трогна јавноста

Пејачката Дара Бубамара повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со емотивна исповед за своето потекло и животната борба на нејзината мајка. Во гостување на подкастот „WTF“ на едно српско радио, таа искрено проговори за тешките услови во кои пораснала и за скромното семејство од кое потекнува.

„Мајка ми многу се изнамачи, и татко ми исто така. Таа како млада девојка дојде во Нови Сад и работеше тешки физички работи. Додека беше бремена со мене, чистеше по фирми и станови – девет станови чистеше бремена“, раскажа пејачката со видлива емоција.

Дара откри и дека денес е сопственичка на три стана во истата зграда каде што нејзината мајка некогаш работела како чистачка, што за неа претставува симболична победа и доказ дека трудот се исплатува.

„Горда сум што доаѓам од скромно семејство. Можеби токму таа борба ми ја даде силата и мотивацијата да успеам. Да сум ќерка на некој буржуј од Дедиње, не знам дали ќе стигнев до тука“, додаде таа.

Исповедта на Дара Бубамара предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што многумина ја пофалија за искреноста и почитта кон семејството.

Слични објави

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо
Се вчитува....