24.4 C
Скопје
21:02 - 14 јули, 2026

Маја Николиќ доживеала непријатност на настап: Ја згазнал покрупен маж, а потоа ѝ се обратил со „Ти си следната…“

Српската пејачка Маја Николиќ доживеала неочекувана непријатност во еден клуб кога покрупен млад човек од публиката ѝ ја уништил чизмата среде нејзиниот настап.

Имено, среде настапот, едно момче сакало да ја запроси својата девојка, но случајно ја повредил пејачката.

„Пред неполн месец, ми се случи момче да запроси девојка на мој концерт, но тој ми ја згази кадифената чизмичка. Само реков ‘Човече’. Тоа многу ме болеше, бидејќи беше малку поголем“, истакна Маја за „Гранд“ и додаде: „Кога видов дека ја проси, дека ја отвори кадифената кутија, си реков ‘супер’. Инаку, мислам дека беше од некој дел од внатрешноста, затоа што ми рече: ‘Во нашиве краишта значи кога ќе те згазнам, ти си следен’“.

Маја објаснила и дека има неподносливи болки, но на крајот наздравила со идните младенци откако девојката кажала „да“.

„Ми ја повреди ногата. Типот беше тежок, голем, буцко… Тогаш си порачав ‘Просеко’ за себе и за нив. Наздравивме и му реков ‘Само ти да си жив и здрав’. Ќе купам нови чизми, не беше проблем, но ме болеше стапалото“, изјави Маја.

Пејачката додала дека ѝ било јасно дека младиот човек немал намера да ја згази, но дека најверојатно малку претерано се мрднал поради возбуда за време на настапот.

Слични објави

Бојана Скендеровски откри низ каква драма поминала по раѓањето на синот: „Ми го скрати животот на еден час“

Еспресо

(Фото) Двојна причина за славење во семејството Наташа Беквалац: Пристигнуваат честитки од сите страни

Еспресо

(Фото) „За нас ова е тажен ден на земјата“: Елена Ристеска го одбележа роденденот на својот покоен татко

Еспресо

Ѓоковиќ од Вимблдон директно во Црна Гора: Славниот тенисер отишол на стоматолог во апостолки и шорцеви

Еспресо

(Фото) Мандар стана татко! На свет дојде ќерката Илина, радоста ја сподели со фотографија од болница

Еспресо

(Фото) Добива 540.000 евра за алиментација за децата и ужива за сите пари: Ана Ивановиќ воодушеви во корсет и здолниште со шлиц 

apostolova
Се вчитува....