19.8 C
Скопје
03:54 - 24 август, 2026

Маја Николиќ доживеала непријатност на настап: Ја згазнал покрупен маж, а потоа ѝ се обратил со „Ти си следната…“

Српската пејачка Маја Николиќ доживеала неочекувана непријатност во еден клуб кога покрупен млад човек од публиката ѝ ја уништил чизмата среде нејзиниот настап.

Имено, среде настапот, едно момче сакало да ја запроси својата девојка, но случајно ја повредил пејачката.

„Пред неполн месец, ми се случи момче да запроси девојка на мој концерт, но тој ми ја згази кадифената чизмичка. Само реков ‘Човече’. Тоа многу ме болеше, бидејќи беше малку поголем“, истакна Маја за „Гранд“ и додаде: „Кога видов дека ја проси, дека ја отвори кадифената кутија, си реков ‘супер’. Инаку, мислам дека беше од некој дел од внатрешноста, затоа што ми рече: ‘Во нашиве краишта значи кога ќе те згазнам, ти си следен’“.

Маја објаснила и дека има неподносливи болки, но на крајот наздравила со идните младенци откако девојката кажала „да“.

„Ми ја повреди ногата. Типот беше тежок, голем, буцко… Тогаш си порачав ‘Просеко’ за себе и за нив. Наздравивме и му реков ‘Само ти да си жив и здрав’. Ќе купам нови чизми, не беше проблем, но ме болеше стапалото“, изјави Маја.

Пејачката додала дека ѝ било јасно дека младиот човек немал намера да ја згази, но дека најверојатно малку претерано се мрднал поради возбуда за време на настапот.

Слични објави

Емина Јаховиќ потрошила милион евра за нов стан, а веќе мисли да се сели: „Што ми требаше ова, зошто сум овде?“

Т.Ц.

„Најголема победа е да израснат во добри луѓе“ – Сергеј Ќетковиќ отворено за посвојувањето на ќерките

Т.Ц.

Нина Бадриќ повторно воодушеви со беспрекорниот изглед, изгледа како холивудска дива

Т.Ц.

Неделен хороскоп од 24 до 30 август: Љубовни пресврти, нови можности и важни одлуки

Т.Ц.

(Видео) Сања Николиќ слави 44. роденден, Слаткар ја бакна среде сцена и ѝ прати љубовна порака

Еспресо

(Фото) Каде летува Уна Чолиќ, ќерката на Чола?

Еспресо
Се вчитува....