8.8 C
Скопје
22:48 - 19 февруари, 2026

МАДОНА И БРИТНИ СЕ ВЕЌЕ ВО 2022: Поп кралиците работат на нова музика

Мадона објави неколку видеа од нејзините студиски сесии со Све Ли и Мајк Дин, а во меѓувреме Бритни Спирс ја враќа контролата врз својот живот и веќе работи на новите идеи за 2022.

Овој пат не станува збор само за гласини: двете кралици на меѓународната поп сцена се враќаат и ветуваат дека 2022 година ќе биде полна со нова музика.

За Мадона, потврдата доаѓа од објавата на Инстаграм која ја прикажува како работи во студио. Бритни Спирс, пак, изгледа подготвена да се фрли во продукција на нови песни, по периодот на големи тешкотии поради настаните поврзани со нејзиниот татко и семејството.

Мадона се појавува во студио со карирана кошула и очила, но пред се со стиховите од новите песни кои ги држи во рака пред микрофонот. Вака поп-ѕвездата го најави своето враќање на снимањата, а објавата на Инстаграм е придружена со многу експлицитен коментар.

„Толку е добро да се вратиш во студио и да правиш музика… Ќе има изненадувања во новата година“.

Таа напоменува и дека раперот, композитор и продуцент Халиф Малик Ибн Шаман Браун познат под псевдонимот Swae Lee работи со неа во студиото. Инаку, со раперот веќе соработуваше и на синглот Crave, од последниот албум Madame X (2019).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Во студиото со двајцата била и американската кантавторка Џози, присутна на друга работна сесија објавена токму од Мадона. По тој повод, Мадона, гостинка во студиото на познатиот продуцент Мајк Дин, објави видео од моменти на опуштање и шеги меѓу едното и другото снимање. Дин пак, е веќе вклучен во работата на Мадона со два албума – Rebel Heart (2015) и најновиот Madame X (2019), а во минатото работел и со Канје Вест, The Weeknd, Тревис Скот и Дрејк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

И за колешката Бритни очигледно новата година пристигнува со нови и магични ноти, и дека конечно по долгата правната битка што се води против нејзиниот татко за правата и имотот на суперѕвездата, конечно ја зеде кариерата во свои раце.

На Инстаграм таа објави видео во кое вежба пред огледалото, правејќи фановите да полудат од радост. Па дури и ако пејачката за сега нема намера да настапува во живо, барем некое време, конечно во 2022 година би можел да пристигне нејзин нов албум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....