Славниот актер зад себе има два неуспешни брака и неколку подеднакво неуспешни врски, но една личност секогаш ќе има посебно место во неговото срце. Џим Кери призна дека се уште има нежни чувства кон неговата колешка Рене Зелвегер.
Актерот и комичар Џим Кери , кој сите го паметиме од ликовите од бројните комедии, во новото интервју откри дека една од неговите поранешни девојки секогаш ќе има посебно место во неговото срце. Станува збор за актерката Рене Зелвегер, со која се забавуваше само една година откако се запознаа во 2000-та година на сетот на филмот „Јас, јас и Ирена“
„Да, така е, таа беше многу посебна за мене. Многу! Мислам дека е многу убава“, рече Кери, кој зад себе има два неуспешни брака, со Мелиса Вомер од 1987 до 1995 година, со која има и ќерката Џејн Ерин и со Лорен Хол од 1996 до 1997 година.
Откако раскина со Рене, Џим се забавуваше со Џени Мекартни се до 2010-та година, додека Рене се омажи за музичарот Кени Чеснеј во 2005 година, но од него се разведе само четири месеци подоцна.
Зад себе има бурно љубовно минато
Актерот исто така зборуваше и за неговата врска со 74-годишната пејачка Линда Ронштад, со која се гледаше кога штотуку се пробиваше во Холивуд.
„Јас ги ценам луѓето што минале низ мојот живот и во него внеле нешто добро, затоа и Линда има посебно место во мојата книга. За некои, нашата врска се чинеше чудна поради возрасната разлика, но таа спрема мене се однесуваше со почит”, објасни Кери.
За него често се вели дека нема среќа во љубовта, што е потврдено од неговите неодамнешни врски. Неговата поранешна девојка Катриона Вајт почина во 2015 година по предозирање со лекови. Актерот бил депресивен и не се гледал со никого се до почетокот на 2019 година, кога на снимањето на детската серија „Kidding“ се сплеткал со глумицата Џинџер Гонзаг. Но, ни таа врска не траеше долго – парот раскина во октомври истата година.
Патем, актерот неодамна призна дека се бори со славата и дека не ја ценел анонимноста додека ја имал. Никој не ја цени анонимноста се додека не ја изгуби. Некој би рекол: „Па, го доби тоа што го бараше.“ Да, но тоа е како кога дете ќе побара нешто пред да порасне и да разбере што навистина значи тоа. Не велам дека е тоа е лошо „Но, тоа е многу чудно и ве држи во куќата“, рече тој.